Внесувањето/ажурирањето на платата за вработените во Модулот за плата на Логин Системи во Dynamics NAV може да се изврши на два начини:
1. Преку рачно (мануелно) внесување/ажурирање на износот на плата.
2. Преку автоматско внесување/ажурирање на износот на плата согласно претходно внесените договори за вработените.
Рачното внесување на износот на плата е многу едноставно, се оди на картичката на плата за вработен и во полето за износ на плата (нето или бруто) се внесува договорениот износ. Врз основа на тоа која основа за пресметка е избрана (од бруто кон нето или од нето кон бруто), системот сам го пресметува бруто/нето износот согласно тековните проценти на социјални придонеси и даночно ослободување.
Недостаток на ваквиот начин на ажурирање на платите е тоа што секогаш кога ќе има промена во договорите, рачно ќе треба да се ажурираат износите тука.
Услов за ваквото ажурирање да фукционира е на картичката на вработениот да се одбере Тип на ажурирање на плата – Мануелно.
Вториот начин за внесување на договори за плата е преку „книжење“ на дневникот на договори за плата.
Ваквиот начин е погоден кога се работи за внесување на плати за повеќе вработени, или пак кога за еден вработен има договор во кој договорената плата има еден износ на пр. во првите три месеци, па потоа има зголемување за наредните десет месеци.
Пополнувањето на дневникот за договори се прави на едноставен начин со внесување на бројот на вработен, бројот на договор (опционо), почетен и креан датум на важење на договорот за тој износ, износ на плата, тип на износ (дали се работи за бруто или нето плата), ангажман (дали е на полно работно време, пола работно време) и сл. Подолу е пример во кој за еден вработен се внесува договор според кој во првите три месец вработениот ќе зема нето плата од 25.000 денари и 31.000 денари во следните 10 месеци.
Откако ќе се внесат линиите и дневникот ќе се искнижи, автоматски се ажурира картичката за плата на вработениот со актуелните податоци. Единствено подесување што треба да се направи е на картичката на вработениот, во делот кај подесување на договорни услови за работа, да се одбере Тип на ажурирање на плата – Според договор.
На овој начин, секој следен месец, при пресметка на платата системот сам ќе проверува кој е актуелниот договор на вработениот во зависност од почетниот и крајниот датум на договорот, и врз основа на пронајдените параметри ќе го зема актуелниот износ на бруто или нето плата во месечната пресметка.