Македонската локализација на Dynamics NAV од страна на Логин Системи овозможува импортирање на изводи од банка согласно дефинираните фајлови за експорт од страна на Македонските банки.
На овој начин се овозможува брзо и едноставно вчитување на изводите, со избегнување на рачното внесување на секоја линија од изводот која одзема значително време и можностите за грешки и неконзистентност се присутни.
Преку автоматското превземање и вчитување на изводите, покрај тоа што веднаш се вчитуваат линиите од изводот, Логин Системи овозможи и препознавање на контата и коминтентите за кои се однесуваат трансакциите (плати, провизии, преноси и тн), така што целата операција за внесување и книжење на изводите се сведува на три кратки чекори: Вчитај -> Провери -> Искнижи!
Вчитувањето на изводот се прави на следниот начин:
Се пристапува до Дневникот на документи и се одбира Увоз-извоз од/во Дневник:
Ќе се отвори прозорец како на сликата подолу:
Важно е полето Земи извод од банка да биде штиклирано, и на тој начин ќе се отвори вториот дел од прозорецот каде што треба да се одбере Банката од која се прави импорт на изводот и Насоката на плаќање (дали сакаме да ги импортираме само уплатите, само исплатите или уплати и исплати заедно). Полето Бр. на документ автоматски ќе се пополни кога ќе се вчита изводот.
Откако ова ќе се пополни, се отвара прозорец од каде што треба да се избере фајлот за импорт, се означува и се кликнува ОК:
Веднаш се импортира изводот и системот дава порака за успешно завршената акција:
Ставките од изводот на тој начин се вчитуваат во дневникот на документи и од таму може да се проверат и веднаш да се искнижат преку функцијата Креирај линии во дневник:
Во модулот за управување со готовина во НАВ направивме и листа на изводи, во кој може да се прегледаат сите внесени изводи заедно со состојбата на сметката пред и по книжење – Почетно салдо, вкупен прилив, вкупен одлив и крајно салдо, како и сите трансакции кои се однесуваат на соодветниот извод.
Изводи од банкарски сметки (листа):
Преглед на извод