Dynamics NAV преку функцијата Предложи плаќање на добавувач (eng. Suggest Vendor Payments) им нуди можност на корисниците да добијат предлог за плаќање на доспеаните фактури согласно расположливите парични средства на сметките во банка.
Во Payment Journal-от има опција, преку функцијата Suggest Vendor Payments да се филтрира да се прикажат сите доспеани фактури кои треба да се платат преку една банка. Исто така да се филтрира и по добавувач, период на доспевање и сл.
Во Payment Journal-от се клика на копчето Suggest Vendor Payments.
Со тоа ќе се отвори прозорецот Suggest Vendor Payments каде што потребно е да се изврши избор во следните полиња:
Last Payment Date (Исплата до) – Се внесува датум на доспеаност.
Available Amount (LCY) (Расположлив износ МКД) – Доколку имаме точно определен износ на средства со кои располагаме, тука се внесува тој износ. Ова поле може да остане и празно.
Posting Date (Датум на книжење) – Се внесува датумот на книжење.
Starting Document No. (Почетен документ бр.) – Се внесува почетниот број на документ со кој сакаме да се пополни полето Број на документ во Налогот за безготовински испалти
Bal. Account Type (Тип на противсметка) – сметка во банка
Bal. Account No (Шифра на противсметка) – сметката од која сакаме да се изврши плаќањето
Во табот Vendor (Добавувач) има можност да се избере и од кој добавувач да се прикажат фактурите, доколку сакаме да направиме плаќање само кон еден добавувач.
No. (Шифра) – Се внесува шифрата на добавувачот.
На крај се клика на копчето OK
Ќе се појави порака која информира дека се креирани предложени исплати за добавувачи за сите валути.
Веднаш ќе бидат пополнети линиите во Payment Journal-от:
Oд тука се бришат линиите кои не треба да се исплатуваат. Откако ќе се направи плаќањето во банка и се добие потврда, се преминува на книжење. За книжење се клика на копчето Post (Книжи). Ќе се појави порака за потврда за книжење:
Се клика Yes (Да). На крај се појавува уште една порака која информира дека налогот е успешно прокнижен.