Dynamics NAV овозможува водење на залихите според различни методи за вреднување на залиха, како што се ФИФО, ЛИФО, Просечни цени, Стандардни цени и Специфичен метод. Прецизното и навремено вреднување на залихата во зависност од избраниот метод е една од водечките предности кои го издвојува NAV далеку пред другите решенија.
Во случај кога се употребува методот на вреднување на залихата по просечни цени, покрај секојдневното (или неделно, месечно или пак годишно) упросечување на цените на чинење кое автоматски се прави во NAV во зависност од поставените подесувања, препорачливо е, особено пред подготвување на завршните пресметки, да се прави и рачно ажурирање на просечните цени на залихата.
Постапката за рачно ажурирање на трошоците на производите на залиха се одвива на следниот начин:
1. Се пристапува преку следната патека:
Financial Management -> Inventory -> Adjust Cost -> Item Entries
Се отвора следниот прозорец:
Со одбирање на копчето ОК, без да се одбере (штиклира) "Post to G/L" се врши рачно ажурирање на трошоците. Со овој процес се врши ажурирање на сите влезни и излезни трошоци за сите производи од лагер за кои имало влезни трансакции. За производи кои го користат методот на упросечување (average costing method), со овој процес се прави ажурирање и на излезните трансакции за истите артикли доколку ги има. При рачното ажурирање може да се искористи “batch” за сите производи одеднаш или за одредени групи или производи. Препорачуваме секогаш да се користи опцијата "batch" за сите производи одеднаш. Опциите за ажурирање со филтер на групи или артикли треба да се користи само во итни случаи или кога е потребно да се ажурира (корегира) трошокот на одредени производи.
Бидејќи е важно податоците за артиклите да бидат ажурирани, советуваме процесот на рачно ажурирање да го изведувате што почесто, за време на неработните часови.
Важно е да се напомене дека, независно дали се ажурираат податоците рачно или автоматски, ефектот на ажурирањето на трошоците ќе биде ист.
2. Откако ќе се заврши процесот на ажурирање, како следен чекор се следи патеката:
Financial Management -> Inventory -> Costing -> Post Inventory Cost to G/L.
Со тоа се постигнува книжење на новите вредносни влезови во Главна Книга.
Потоа се отвора прозорецот во кој се внесува датум и број на документ, и се одбира копчето "Preview".
На тој начин се добива преглед на износите кои ќе бидат искнижени на контата од главна книга како резултат на направеното упросечување на трошоците на залихата. Потоа се одбира (чекира) полето Post и повторно "Preview"
Овој пат износите кои ги видовте на претходниот прозорец ќе бидат искнижени на соодветните конта. Со овој чекор завршува постапката за рачно ажурирање на трошоци на производи на залиха.