Подготовката на ПДД-ГИ (Годишен извештај на исплатувачот на приходи за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи во Македонија) во Dynamics NAV се прави во модулот за плата преку автоматско превземање на податоците од исплатените плати (и даноци и придонеси) во текот на календарската година. Како дел од овој извештај, исто така автоматски се превземаат и податоците за испалтениот регрес на вработените и се сместуваат во соодветните полиња од образецот.
Темата на оваа објава е начинот на поплнување на дополнителни податоци кои законски влегуваат во образецот ПДД-ГИ, но не се дел од стандардната исплата на плата или регрес на вработените во компанијата. Ваквите типови на исплата се исплати по договор на дело (Лични примања по договор за повремено или привремено вршење на услуги), одржани игри на среќа (Добивки на игри на среќа), Наемнина (Приходи од имот (закупнини на движен и недвижен имот) и слично.
Првиот чекор е отварање на картичка на лицето на кое се исплатени приходи. Тоа се прави во делот каде што се наоѓаат картичките на вработените во компанијата, со тоа што при отварање на картичката, покрај име, презиме и матичен број на лицето, во полето Тип се означува дека станува збор за Соработник или Надворешно лице.
Откако ќе се внесат лицата во НАВ, вториот чекор е пополнување на страницата со типови на исплата, лица и износи на исплатени бруто/нето приходи, како и платените износи на одбитоци и аконтации.
Тоа се прави во делот за плата, во страницата Внесување на останати видови на исплати.
Откако ќе се отвори страницата, се пополнуваат видот на исплата (идентичен како што треба да биде во образецот од УЈП), месецот на исплата, бројот на вработен - или лицето на кое е извршена исплата, и соодветните износи во колоните бруто приход, одбитоци, аконтации и нето износ. Додадена е колона за Опис, која може да послужи како дополнителна информација за корисникот на НАВ во понатамошните прегледи и анализи.
Откако ќе се пополнат сите лица, третиот чекор е да се кликне на копчето ОК и системот ќе ја прикаже следнава порака:
Доколку се одбере Да, ситемот ќе ги запише податоците во соодветните табели, и потоа ќе ги земе во предвид при изготвувањето на ПДД-ГИ образецот во соодветните полиња за групни и поединечни податоци за различните видови на исплата.