Прво се прави подесување за книжење на амортизација на основните средства со соодветни конта во амортизационата книга.
Самата пресметка на амортизација се пушта како на сликата подолу. При тоа во прозорецот се избира амортизационата книга во која што се подесувањата за амортизацијата, потоа се става крајниот датум, па датумот на книжење и бројот на документот под кој ќе се книжи. На крајот се избира да се вметне и пртив контото. Сево ова е обележано како на сликата подолу
Кога ќе заврши функцијата, НАВ дава порака дали сакаш да се отвори дневникот на ОС директно. Ако се кликне ОК веднаш ќе Ве однесе во соодветниот дневник. Таму може да се провери дали подготвениот налог за книжење е ОК. Дополнитено, на Preview posting може да се види пробно на кои конта ќе се искнижи амортизацијата.
Повеќе информации за основните средства има на линкот https://www.loginsystems.biz/DynamicsNAV/Smetkovodstvo/OsnovniSredstva.
#сметководство #основнисредства
Понова и посеопфатна информација може да се добие на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/smetkovodstvo-i-finansii/kako-da-izrabotka-na-zavrshna-presmetka-za-finansiskata-godina-vo-business-central
УЈП објави номенклатура и начин на пресметка која важи од 28.12.2019. Објавата може да ја прочитате тука.