При отварање на месец за пресметка/исплата на плата во модулот за плата во НАВ, системот појавува прозорец во кој треба да се избере за каков тип на обврска станува збор. Дали пресметката ќе биде за 101 – стандардна пресметка, 103 – корекција од плата, 100 – аванс или дел од плата итн.
Подолу е објаснето како функционира пресметката на плата за исплата на аванс (или дел од плата) во модулот за плата во Dynamics NAV прилагоден на македонското законодавство од страна на Логин Системи.
1. Отварање на нов месец
При отварање на нов месец, треба да се избере дека е потребно да се отвори месец со тип на обврска 100. Шифрите за типови на обврска се идентични со оние кои се официјално објавени од Управата за јавни приходи и се користат во МПИН.
Доколку за соодветниот месец веќе постои пресметка со тип на обврска 101 или друг тип различен од 100, системот ќе даде порака дека операцијата не може да се изврши, бидејќи кога се прави пресметка на плата за тип на обврска 100, за истиот месец може претходно да има само уште една или повеќе пресметки со ист тип на обврска (100) или воопшто да нема пресметка за тој месец. Доколку постои било каков друг тип на обврска, системот ќе ја прекине операцијата и состојбата ќе ја врати на почетокот.
2. Пополнување на податоци за износот на исплата
Откако ќе се отвори месецот со тип на обврска 100, следно што треба да се направи е да се пополни делот за износот што треба да се исплати.
НАВ нуди можност за два начини на пресметка на авансот (делот од плата):
· Како процент (%) од договорената плата за секој вработен
· Како фиксен износ кој се исплаќа идентично за секој вработен
Начинот на пресметка на авансот се избира во полето Тип на износ за дел каде што може да се избере дали се работи за Процент или Износ.
Доколку се избере Процент, тогаш полето Износ за дел ќе биде оневозможено за пополнување. Во полето Процент за дел треба да се пополни саканиот процент за исплата на плата.
На сликата подолу е прикажан пополнет прозорец за исплата на плата според процент, односно исплата на аванс од 50% од вкупната договорена месечна плата за секој вработен.
3. Пресметка на плата
Последниот чекор е пуштањето на пресметката на плата, која е идентична независно од типовите на обврска. Врз основа на зададените податоци во делот кој се однесува само за пресметка на дел од плата, системот ќе пресмета бруто и нето плата за секој вработен, како и точните износи на придонеси и персонален данок.
Исто така, во фајлот кој потоа автоматски се вчитува во МПИН, ќе стави тип на обврска 100, за да може од МПИН-от да се креира излезен фајл со правилниот тип на обврска кој треба да се испрати во УЈП за добивање на декларација за плата.
! За еден месец може да има една или повеќе исплати на аванси за плата. При отварање на нова пресметка за истиот месец, системот ќе означи за кој последователен број на пресметка од типот 100 се работи. На пример месец 2017-12 тип 100-01, месец 2017-12 тип 100-02, месец 2017-12 тип 100-03 итн.
!! Доколку за еден месец има отворено тип на обврска 100, единствено што системот дозволува да се направи за тој месец е отварање на нов тип на обврска само 100 или 333 (затварање). Секако, тип на обврска 103 може да се направи за секој месец.