Модулот за пресметка на камата за ненавремено плаќање на доспеаните долгови од страна на купувачите е изработен од Логин Системи како дел од основниот пакет на Македонската локализација за сметководство во Dynamics NAV и работи во согласност со Македонското законодавство за пресметка на законска казнена камата.
Имено, согласно нашето законодавство, пресметката на каматата за долг кој е платен по датумот на неговото доспевање, се пресметува во моментот кога истиот е наплатен. На пример, доколку една фактура има датум на доспевање 15.07.2018, а е наплатена на 31.07.2018, пресметката на камата се врши откако уплатата по основ на таа фактура е евидентирана. За утврдување на каматната стапка се користи референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата утврдена од НБРМ зголемена за десет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за осум процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).
Подесување
Подесувањето на ЛС Модулот за пресметка на камата е многу едноставно и се состои единствено од внесување/ажурирање на референтната каматна стапка која се објавува од страна на НБРМ секое полугодие.
Пресметка
Пресметката на камата може да се изврши на два начини - според купувач или според износ.
За да се направи пресметка според купувач, се избира периодот за кој треба да се пресмета камата за ненавремено извршените уплати од страна на купувачот, и во полето купувач се избира бројот од листата на купувачи.
Доколку има потреба пробно да се пресмета колку би била каматата за одреден период и одреден износ на пари, се користи функционалноста - според износ.
Третиот тип на пресметка на камата воведен во Dynamics NAV од страна на Логин Системи е според добавувач. Имено, на овој начин може да се прави проверка и контрола во случај компанијата да добие каматна листа (или задолжување) од страна на некој од своите добавувачи, па многу лесно да го спореди точниот износ со износот добиен од добавувачот.
Напредниот пакет на МК Локализација за Dynamics NAV вклучува и изработка на финансиски задолжувања врз основа на пресметана законска казнена камата, нивно евидентирање и книжење во системот.
Повеќе за Македонска локализација во Dynamics NAV има на следните линкови:
https://www.loginsystems.biz/Product/LSLicence
https://www.loginsystems.biz/single-post/2017/05/31/MKLokalizacija