Управувањето со готовината во Microsoft Dynamics NAV се прави во посебен дел од апликациајта каде што се сместени сите потребни функционалности за благајничко работење. Благајничкото работење е дел од дополнувањата на Логин Системи со кои се прилагодува Dynamics NAV на македонските закони и прописи.
Првично подесување
За да се направи соодветно подесување најпрво треба да се отворат т.н. благајнички кодови, кои не се ништо друго туку скратен назив за видот (суштината) на трансакцијата која треба да се евидентира. Тоа се прави на следниот начин:
Кога ќе се отвори страницата за Подесување на трансакции во благајната, треба да се пополни:
Шифрата на трансакцијата (може да биде описно, број, конто или било како по желба на корисникот)
Опис на трансакцијата
Име на урнек за дневник (дали се работи за каса прими или каса исплати)
Тип и број на дебитно конто
Тип и број на кредитно конто
Вака отворените „благајнички кодови“ се подесуваат еднаш и потоа секоја искнижена трансакција се евидентира на соодветните конта во страните дебит или кредит соодветно, само со едноставно внесување на шифрата на трансакцијата и износот.
Повикување на функционалноста и користење
Внесување на приемот или исплатата на пари се прави преку Дневник на благајна, каде што, при отварање треба да се одбере дали станува збор за каса-прими или каса-исплати како на сликата долу.
Откако ќе се избере потребниот вид на благајничка активност (прими или испрати), се преминува кон пополнување на дневник на благајна. Единствено што треба да се направи е да се внесе датумот и трансакцискиот код за благајна (во случајов 401000) и системот автоматски ќе ги пополни сите полиња за тип и број на сметка и против-сметка:
Ќе преостане да се внесе уште само бројот на документ (може да биде дефиниран и како последователна нумерациска серија па системот сам да го пополнува), износот (има можност да се внесе и странска валута) и бројот на вработен за кого се однесува исплатата (или од кого се примаат парите) и документот може да се прокнижи.
Доколу има потреба, може да се внесе и димензија (критериум) кој може да биде трошковен центар, оддел, лице и слично во зависност од претходно дефинираните критериуми на компанијата.
Книжење и извештаи
Кога ќе се одбере книжи и печати, системот ќе изгенерира документ каса-исплати (или каса-прими) и налог за книжење:
Налогот за книжење ги содржи трансакциите и сумарен извештај на контата (ако се повеќе линии).
За проверка и потврда на состојбата во благајната може да се изготви Благајнички извештај, со едноставно внесување на името (бројот) на благајната, во зависност од тоа дали се работи за денарска или девизна благајна, и периодот за кој сакаме да го видиме извештајот:
Извештајот може да се испечати или да се зачува како Word, Excel или PDF фајл.
За искнижените трансакции за кои има потреба повторно да се испечати обрзаецот каса-прими или каса-исплати, има можност доколку се пребара во искнижените документи (Книжени ставки во благајна или Печатење каса-прими/каса-исплати) и од таму да се одбере опцијата за печатење на соодветниот број на документ:
Повеќе за македонската локализација и надополнувањата на Логин Системи има на линкот тука ...