НАВ е централното место каде што се слеваат сите податоци од работењето, истите се обработуваат и зависно од потребата, се печатат во форма на документи и извештаи. Стандардниот дизајн на НАВ е таков што продажбата на производите и книжењето во главната книга NAV ги прави со големопродажни цени. Со други зборови, НАВ нема малопродажно решение според македонските прописи.
Сепак, малопродажба со НАВ се овозможува преку:
Прилагодување на НАВ да може да работи со малопродажни трансакции
Софтвер за малопродажба од некој производител (ПОС апликација)
Конектор за поврзување на софтверот за малопродажба и НАВ
Архитектурата за малопродажба на фирми кои имаат продажни места на повеќе локации во НАВ е претставена на сликата погоре.
Подетални информации за малопродажно работење во НАВ има на линкот Малопродажба и POS со Dynamics NAV.