Фирмите и организациите вработуваат луѓе кои говорат различни јазици и софтверското решение (треба да) овозможува користење на различни јазици за еден ист програм. Дали е тоа така со Вашиот програм?
Префрлување од еден јазик на друг јазик
Со Dynamics NAV префрлувањето од еден јазик на друг е на сличен начин како префрлање од еден на друг јазик за веб сајт. Претходно, корисникот треба да го обезбеди соодветниот јазик преку Логин Системи. На сликата подолу е прикажана постапката: Се активира командата избери јазик од горното мени ...
Слика: Начин на избор на јазик во Dynamics NAV 2018
Споредба на сметководствените програми во Македонија
Пред некое време направивме споредба на тоа кои од сметководствените програми што се користат во Македонија подржуваат повеќе јазичност. Dynamics NAV e најсеопфатен.
Слика: Споредба на поддршка за јазици кај 4 сметководствени програми.
Повеќе за споредбата на сметководствените програми има на https://www.loginsystems.biz/news/sporedba-erp-software.
Зошто е важно? За пласирање на производи и услуги на глобалниот пазар.
Повеќејазичноста на сметководствениот програм е важна за организации што вработуваат лица што говорат различни јазици, за фирми кои е потребно да праќаат извештаи во странство заради соработка, како и за лица кои сакаат да работат на глобалниот пазар. За глобален успех се потребни глобални алатки и платформи. Прочитајте го блогот "Со локални софтвери се прават само локални резултати." за повеќе.
Повеќе за јазиците има на линкот тука или на линкот за сите функционалности на Dynamics NAV - www.ERP.mk/dynamicsnav.
На кој јазик вие го користите Вашиот сметководствен програм или ЕРП систем?