Кратенката ЕРП доаѓа од англискиот израз Enterprise Resource Planning (ERP). ЕРП е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се:
Продажба и маркетинг
магацинско работење
набавки и испораки,
управување со човечки ресурси,
планирање и анализа на производство и
сервис.
Сите овие активности се интегрираат со сметководството и финансиите и претставуваат една интегрирана целина.
ЕРП системот овозможува интегриран поглед кон основните деловни процеси во реално време со користење на заеднички бази на податоци. ЕРП води евиденција на деловните ресурси какви што се парите, суровините, лагерот, опремата, капацитетот на производството, како и статусот на деловните обврски: порачки, набавни порачки и плати.
Апликациите или модулите од ЕРП системот споделуваат податоци помеѓу различни деловни оддели во организацијата и овозможуваат проток на информации помеѓу деловните функции во организацијата. Затоа ЕРП системот со право се смета за витална деловна алатка и платформа бидејќи ги интегрира различните системи, поддржува безгрешни трансакции и отстранува непотребно повеќекратно внесување на податоците во различните оддели.
Повеќе за апликациите во ERP системот има на www.ERP.mk/DynamicsNAV