Со преку 100.000 корисници ширум светот, Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано сметководствено и деловно работење за мали и средни претпријатија. Благодарение на Логин Системи, Dynamics NAV е во функција и во Македонија.
Нашите софтверски решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV се креирани и оптимизирани за трговски компании, производители, агилни и брзо растечки мали компании и услужни организации што имаат потреба од изработка на точни и навремени извештаи, сакаат да ја подобрат контролата во водењето на бизнисот и да ги зголемат перформансите во сите свои оддели.
Сметководствениот и деловниот софтвер (ERP) се инсталира кај корисникот или се поставува во „облак“ и вклучува богати-со-опции апликации кои формираат целосен интегриран систем. Овој систем го поддржува растот на организацијата преку поедноставување на процесите и намалување на трошоците и обезбедува информации за вистински и навремени деловни одлуки на различните организациски нивои.
За разлика од конкуренцијата, деловните решенија и услуги од Логин Системи се карактеризираат со подобро знаење за бизнисот и сметководството и поседуваат повеќе децениско искуство во разни бизнис ситуации. Ние сме доверлив партнер кој има сопствена локализација и надополнувања на светски-познатиот ERP систем, Microsoft Dynamics NAV, за да ги задоволиме пребирливите барања на менаџментот кај нашите корисници во склад со македонските закони и прописи.
Продажбата како примарен ориентир
Како некој примарен ориентир која компанија може да има најмногу придобивки од користењето на решенијата базирани на Dynamics NAV послужува годишната продажба на компаниите. На наредната слика е прикажано кои би биле минималните продажби за одреден тип на компании. Секако дека овој критериум треба да се зема со одредена доза на резерва бидејќи значајни критерими се бруто маржата, вкупниот број на вработени, бројот на вработени што ќе го користат решението како и бројот на оддалечени локации (седиште и претставништва/продавници/магацини).
Повеќе за Microsoft Dynamics NAV има на www.ERP.mk/DynamicsNAV. Повеќе за услугите на Логин Системи има на www.ERP.mk/pregled-uslugi.
Фирмите со визија, со постојана потреба по агилност и подобрување во работењето како и голема желба за раст - во Dynamics NAV / 365 Business Central имаат сериозна и модерна платформа за реализација на овие сништа.