Microsoft Dynamics NAV е светско решение кое одговара виртуелно на сите мали и средни компании во светот. Иако воглавно компатибилни со другите земји, сите земји имаат сопствени закони, специфики и менаџмент практики/навики.
Едицијата на Dynamics NAV што е на располагање во Македонија е W1 и тоа е истата основа за сите земји во светот. Локализација е сет од функционалности кои ги адресираат локалните побарувања на земјите и тие обично се групирани во следните категории:
Регулатива на законодавецот
Тука спаѓаат локалните функционалности кои ги задоволуваат регулаторните барања какви што се извештаи околу ДДВ, билансите на успех и состојби, пресметки на плати, водење службени патувања, насочување на книжењата кај одредеи конта и слично.
Побарувања од националните стандарди
Под национални стандарди се подразбираат форматите што ги користат банките при увоз и извоз на изводи од банкарските сметки, формати на извештаи во поглед на адреси, налози за книжење, и други локални интерпретации на глобални стандарди.
Пазарни потреби
Во оваа категорија спаѓаат функционалностите кои не се бараат од законодавецот но се корисни за бизнисите. Такви може да бидат безбедносни заштити, систем на права на пристап до системот, листи за човечки ресурси и слично.
...
Иако не спаѓа директно под локализација, софтверското решение е поприфатливо ако е на македонски јазик.
Видео: Како изгледа Dynamics NAV на македонски јазик.
Повеќе за македонската локализација има на линкот https://www.loginsystems.biz/lokalizacija-nadopolnuvanja-mk.
Поставете прашање на форумот ако ве интересира нешто поконкретно за Македонската локализација и-или за Microsoft Dynamics NAV.