Советувај се со заедницата и консултантите од Логин Системи на теми од сметководството, деловното работење, ERP и Dynamics NAV. Може да поставиш прашање во врска со производот Microsoft Dynamics NAV, лиценцирање, цени, проблем во работата или општо за сметководството или ERP.
Постапката е едноставна. Од форумот www.loginsystems.biz/forum се избира рубриката "Прашања и одговори" како на сликата подолу.
Потоа се кликнува на Create New Post.
Ако прв пат поставуваш прашање, ти се отвора прозорецот за најава. Може да користиш твој акаунт од Facebook или од Google+.
Алтернативно, најавата може да се направи со креирање на корисничко име со кликнување на Sign up и внесување на твоја емаил адреса и лозинка (како на сликата подолу).
Со најавата, ти стануваш член на сајтот и си во можност да поставуваш прашања, да коментираш и лајкуваш. Исто така ќе можеш да комуницираш со членовите на форумот и да ги следиш нивните активности - www.loginsystems.biz/members.
Откако ќе ти се отвори екранот за креирање на пост (поставување на прашање), задаваш тема на прашањето и даваш повеќе објаснување на темата.
Ако е потребно, ставаш слика или видео преку копчињата што се наоѓаат лево од сликата подолу.
Кога си готов, притиснуваш на копчето Publish. И потоа чекаш одговор од членовите на форумот. Ќе добиеш нотификација кога некој ќе ти одговори. Толку е!
Да ти посакаме успешно користење на форумот на Логин Системи!
ПС Сподели го постот ако ти се допадна и сакаш да ги информираш твоите пријатели. Ти благодариме!