Оперативниот систем Windows 10 содржи бесплатна алатка за давање или примање на техничка поддршка. Се вика Quick Assist и нема ограничувања за лиценци како што има за популарните Team Viewer или AnyDesk.
Quick Assist е апликација за Microsoft Windows 10 што прави две лица да споделуваат уред преку далечинска врска Интернет. Овозможувајќи пристап на доверлив пријател, член на семејство или лице за поддршка до одреден компјутер, може да се решаваат проблеми, да се дијагностицираат технички проблеми и да се добијат инструкции на одредениот компјутер.
За да се стартува Quick Assist, потребно е во прозорецот за пребарување да се отчука Quick Assist. Потоа се избира Get assistance ако е потребно да се прими поддршка или Give assistance ако е потребно да се даде поддршка.
Повеќе информации има на линкот Get help remotely with Quick Assist in Windows 10 | Windows Community.