Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија објавува дека согласно податоците за реализирани трансакции во текот на 2018 година, објавени на веб страната на НБРСМ, бројот и вредноста на реализирани онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува дека е-трговијата во земјава е во пораст.
Во текот на 2018 година реализирани се вкупно 5.435.285 онлајн трансакции. Овој број спореден со 4.293.214 онлајн трансакции во текот на 2017 година што претставува пораст од 21%.
Клучни наоѓања во истражувањето се:
Македонците потрошиле 133,7 милиони евра онлајн
Странците двојно го зголемиле бројот на трансакции направени онлајн кон македонските онлајн продавници
Во Македонија заклучно со 31.12.2018 година активни се 871 виртуелни веб страници за е-трговија (ПОС уреди)
Прочитај повеќе на страницата на Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија ...
Извор на статистички податоци: Народна банка на Република Северна Македонија