Здраво!Ми треба ваша помош во врска со бизнис акаунтот на PayPal.Благодарение на ВАС и вашите совети пред месец дена направив бизнис Профил на PayPal преку Бугарскиот линк. Се регистрирав како freelancer со назнака дека продавам дигитални производи.Ја ставив картичката од НЛБ Visa Дебит (имам денарска и девизна $ трансакциска сметка на истата ) ја верифицирав со кодот кој ми го испратија од PayPal и е линкувана со сметката,...email адресата од мојот Paypal ја имам ставено на три интернет продавници и веќе имам неколку приливи на доларчиња:-)Мојот проблем е што на 1 Октомври немав автоматско префрлање на средствата на мојата картичка,ако може да ми дадете совет каде да ја уклучам таа автоматска трансакција???Имам две опции: Да направам трансвер на средствата на мојата картица, едната е ВЕДНАШ и земаат некој процент и втората е без провизија ама за два три дена ке бидат префрлени.Jaс продавам Digital Download (JPG files ) а така и означив кога го креирав профилот на Paypal На сите платени нарачки стои можноста за транспорт и додавање на тракинг број???,јас сите ги имав означено како да се пратени но немав автоматска трансакција на картичката,дали ова е проблемот????Би ве замолил доколку некој сака да ми помогне нека ми одговори,и дали некој со ваков PayPal акаунт имаше проблеми со најава изминативе денови ( јас имав )и дали може да е проблем во иднина тоа што кодот за најава ми стига на мк мобилен тел.
Благодарам.
Здраво Митко,
Неколку работи кои треба да ги проверите.
Автоматски трансфер
Ако ја отворите картичката, истата треба да има опција автоматски трансфер. Ако таа опција ја нема, најверојатно нема да може да добивате пари на сметката.
Салдо на бизнис сметката
Потребно е да проверите какво е салдото на вашата бизнис сметка. Дали стојат парите таму, дали се on hold или дали се симнати од сметката.
1 Ако стојат парите во цел износ на салдото, тогаш не се трансферирани до вашата картичка.
2 Ако се on hold, тоа значи дека најверојатно се чека потврда од купувачот дека ги примил производите.
3 Ако се симнати од сметката, тоа значи дека парите се некаде по пат или се на времена сметка во вашата банка. Во овој случај, ќе треба да ја контактирате банката за да ви даде инфо за парите.
Совет Проверете на сајтовите за да се осигурате дека купувачот треба да потврди за исполнување на испораката или не треба. Независно од пејпал сметката, ако на сајтот е ставена опција купувачот да даде потврда, тогаш истата би требало да се проследи на пејпал акаунтот за конкретниот сајт и трансакција. Ако се чека на купувачот, тогаш првиот први во месецот не мора да значи дека парите ќе ви бидат трансферирани.
Проблеми со акаунтот
Ако се придржувавте на нашите инструкции, наместо Бугарија, подобро ќе беше ако изберете Албанија.
Мобилниот телефон е добро што сте го пријавиле да биде македонски и не би требало да има проблеми со тоа
Од време на време, сајтот на Пејпал знае да не дозволува пристап од различни причини. Ако е тоа перманентно, тогаш е - проблем со акаунтот.
Добронамерен пријателски совет Се надевам дека ќе успеете. Ако поставувате други пот-прашања, за да може побрзо да ви се одговори, добро е да доставите и скрин шотови. Не е лошо и да го разбиете текстот на посебни пасуси и да користите интерпункциски знаци (точка, запирка, итн итн). Вака како што сте напишале, многу тешко се прати текстот. 😉
Проблемот е што после неколку трансакции или временски неколку месеци, ќе ти се појави проблем на профилот, Paypal ќе побара од тебе да доставиш документација како адреса на живеење, лична карта или пасош, со тоа што на тој начин ќе треба да докажеш дека навистина си граѓанин на Бугарија и живееш на конкретната адреса, во спротивно следи забрана за повлекување на средства,и блокирање на акаунтот
Здраво :-)
Имам убава вест во врска со трансвер на пари од Пејпал на НЛБ сметка.
Мојата картичка е Виса Дебитна и не подржува автотрансфер.
Од салдото на Пејпал направив стандард трансфер на мојата картичка.
За само 15 минути на мобилната апликација од НЛБ ми стигна убавата вест
Статус-Конечно реализиран.
Знам дека сега овие пари ќе треба да ги пријавам и немие воопшто жал за тоа,само оваа можност нека трае подолго.И дали да ги вадам парите одма или да чекам официален имејл од Пејпал пошто не добив никаква порака за извршениот трансвер????
И нема да заборавам,следното најавување на Пејпал ќе оставам бакшиш :-)
Поздрав и ви посакувам успешна работа на сите.
Венко Благодарам за помошта .Понеделник ќе пробам да префрлам па или ќе честам или ќе си поплачам :-) тамам убаво ми тргна оваа година..... Ама не се предавам ќе пробаме со Албанија :-)
Поздрав и секое добро до сите во Логин Системи.
Здраво Венко.
Ви Благодарам за одговорот и за советот,ветувам дека ќе го применувам ☺️
Можеби е до мојата картичка на неа нема никакви додатни знаци ама ја нема и опцијата Automatic transver.
Во дашбордот на Пејпал на салдо ми стои износот на пари и опцијата
Withdraw funds.Ако ја немам можноста за Automatic transfer дали да ја искористам таа можност ? па макар стигнале и за три дена на картичката☺️
Дали во Tools - Recurring Payments треба да променам нешто и што да променам ???
Инаку на сајтот каде што продавам ја имам линкувано само имејл адресата од мојот Пејпал,па преку нив ми стигаат исплатите.
Поздрав и секое добро на сите.