Здраво!Ми треба ваша помош во врска со бизнис акаунтот на PayPal.Благодарение на ВАС и вашите совети пред месец дена направив бизнис Профил на PayPal преку Бугарскиот линк. Се регистрирав како freelancer со назнака дека продавам дигитални производи.Ја ставив картичката од НЛБ Visa Дебит (имам денарска и девизна $ трансакциска сметка на истата ) ја верифицирав со кодот кој ми го испратија од PayPal и е линкувана со сметката,...email адресата од мојот Paypal ја имам ставено на три интернет продавници и веќе имам неколку приливи на доларчиња:-)Мојот проблем е што на 1 Октомври немав автоматско префрлање на средствата на мојата картичка,ако може да ми дадете совет каде да ја уклучам таа автоматска трансакција???Имам две опции: Да направам трансвер на средствата на мојата картица, едната е ВЕДНАШ и земаат некој процент и втората е без провизија ама за два три дена ке бидат префрлени.Jaс продавам Digital Download (JPG files ) а така и означив кога го креирав профилот на Paypal На сите платени нарачки стои можноста за транспорт и додавање на тракинг број???,јас сите ги имав означено како да се пратени но немав автоматска трансакција на картичката,дали ова е проблемот????Би ве замолил доколку некој сака да ми помогне нека ми одговори,и дали некој со ваков PayPal акаунт имаше проблеми со најава изминативе денови ( јас имав )и дали може да е проблем во иднина тоа што кодот за најава ми стига на мк мобилен тел.
Благодарам.
Здраво :-)
Имам убава вест во врска со трансвер на пари од Пејпал на НЛБ сметка.
Мојата картичка е Виса Дебитна и не подржува автотрансфер.
Од салдото на Пејпал направив стандард трансфер на мојата картичка.
За само 15 минути на мобилната апликација од НЛБ ми стигна убавата вест
Статус-Конечно реализиран.
Знам дека сега овие пари ќе треба да ги пријавам и немие воопшто жал за тоа,само оваа можност нека трае подолго.И дали да ги вадам парите одма или да чекам официален имејл од Пејпал пошто не добив никаква порака за извршениот трансвер????
И нема да заборавам,следното најавување на Пејпал ќе оставам бакшиш :-)
Поздрав и ви посакувам успешна работа на сите.