ПРИЛИВИТЕ ДОБИЕНИ СО ПОСРЕДСТВО НА PAYPAL, КАКО СВЕДОШТВА ЗА ПРОМЕТ
PayPal е електронски систем на плаќање/наплата што се користи ширум светот. Ова е исто така еден од најевтините начини за трансфер на пари во странство. Без оглед дали се користи за плаќање на добра и услуги или за трансфер на пари преку Интернет, PayPal за да опстои, наплаќа одредени провизии, кои се различни кај разните трансакции.
За повлекување на пари од PayPal и пренос на истите на сопствена платежна картичка, се наплаќа провизија од неколку долари (провизиите се наплатуваат во долари/соодветна денарска противвредност со оглед дека PayPal го поседува американска фирма).
Самото отворање сметка на PayPal е бесплатно.
Со член 23 точка 5-д) од Законот за ДДВ финансиската услуга на посредување во врска со работењето со тековни сметки, депозити, штедни влогови, плаќања, вирмани, меници, чекови, жиро-сметки, кредитни карти, дознаки е ослободена од ДДВ. Иако за овие финансиски услуги местото на прометот според член 14 став 3 точка 2 од Законот за ДДВ е кај корисникот, самиот факт што овие услуги се ослободени од ДДВ, го ослободува нивниот примател (корисник) од плаќање на данокот (ДДВ) за примените PayPal услуги.
Други посебни даночни обврски за корисниците на PayPal плаќањата не се предвидени.
ПРИЛИВИТЕ ДОБИЕНИ СО ПОСРЕДСТВО НА PAYPAL, КАКО СВЕДОШТВА ЗА ПРОМЕТ
Приливите што пристигнуваат преку PayPal го имаат истиот даночен третман како и наплатите за промети на добра и услуги примени преку трансакциска сметка во банка, односно, тоа што приливот ќе дојде преку PayPal, не менува ништо во оданочувањето.
Тоа важи како за приливите како кај правни лица (стопански субјекти, непрофитни организации и др. деловни субјекти) така и за физички лица-претприемачи (СВД) и граѓани.
Кај друштва со ограничена одговорност приливите преку PayPal се доказ за остварени приходи (наплати на побарувања) кои се оданочуваат со данок на добивка.
Здруженијата на граѓани и другите форми на непрофитни организација, ќе плаќаат данок на добивка ако вкупните приливи (приходи) од стопански промети, заедно со добиените преку PayPal, им се над 1.000.000 денари.
Физичките лица за PayPal приливите се должни да плаќаат данок на личен доход, ако истите се добиени од тргување со добра или за дадени услуги. Тие сами го пресметуваат и уплаќаат данокот на личен доход преку Е-ПДД системот. Детали побарај во краткиот текст.
Би сакал да ве замолам да ми помогнете околу
отварање на bussiness account на Pay pal.
дали е возможно да работи преку фирма (правно лице) за продавање на производи
битно да биде се легално преку фирма.
И доколку е возможно каква картичка треба да имам (знам дека треба Visa debit што прима праќа i da. ima auto transfer)?