Продажбата на производи и услуги преку Пејпал во суштина не се разликува од останатите продажби. Така и евидентирањето на приходите со наплата преку Пејпал е исто како и со другите продажби. Разликата е во методот на наплата кадешто како платежен процесор се јавува Пејпал.
Наплата
Традиционално, наплатата се врши во кеш, преку банкарска сметка или преку картичка.
Наплатата преку картичка може да биде на самото продажно место преку ПОС апарат за картички или на веб сајтот на продавачот.
Пејпал е метод на наплата во кој парите стигнуваат на картичка преку инфраструктурата на Пејпал (www.paypal.com).
Инфраструктурата на Пејпал овозможува сигурност на плаќањата на купувачот. (повеќе: 📄 Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување, 📄 Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари)
Продажен процес
Наплатата преку Пејпал е последната фаза од еден продажен циклус (види слика подолу).
(1) Купувачот изразува интерес за набавка и испраќа порачка. Тоа може да биде со некој документ или усно.
(2) Продавачот му го испорачува производот или му ја изведува услугата. Оваа трансакција е пропратена со документ испратница за производ или со емаил известување за изведена услуга.
(3) Ако купувачот потврди дека ги примил производите или услугата, му се издава фактура со информации за плаќање. Во случајот со наплата преку Пејпал, купувачот добива линк за плаќање преку пејпал или фактура за плаќање. (повеќе: 📄 Како-да: Креирање на профил PayPal.me за едноставно прибирање на бакшиши, донации и плаќања од купувачи, и 📄 Како-да: Правење фактура и испраќање по е-пошта преку PayPal)
(4) На крајот, купувачот плаќа преку Пејпал и тоа се евидентира во салдото на бизнис пејпал картичката на продавачот. (повеќе: 📄 Секој први во месецот, Пејпал автоматски префрла се' што има од сметката накај платежната картичка).
Сметководствена евиденција
Евиденцијата на приходот во сметководството се прави на ист начин како да е традиционална продажба. Се користат контата за приходи на производи и услуги (повеќе: конто 740).
Ако е трговецот правно лице и ДДВ обврзник, се пресметува ДДВ за домашни купувачи – ако е купувачот странско лице се третира како извоз и соодветно се евидентира во сметководството (повеќе: конто 742).
Ако продавачот е физичко лице, приходот се евидентира за да се пресмета персоналниот данок.
Повеќе за даночниот третман има на линкот Даночен третман на плаќања и провизии кај Пејпал трансфери.