Сведоци сме деновиве дека банките не толку ревносно се вклучија во солидарноста со општеството кое е погодено од коронавирусот. Во услови кога економијата е на колена, некои банки имаат и зголемени приходи и профити. Банките се пофалија дека аконтацијата на данокот од добивка ќе го платат однапред. Пар директори изјавија дека ќе се откажат од дел од примањата. Некои донираа по пеесетина илјади евра по болници. Благодарност за нив. НО ПРЕСКРОМНО Е ОВА ако се знае дека банките се убедливо најпрофитабилните организации во Македонија и со највисоки просечни плати за вработените.
Еве, да речеме дека толку можат да дадат пошто, нели, го штитат капиталот на штедачите и на акционерите.
Каде може банките да покажат одговорност и поголема солидарност?
Тоа што се очекува од банките е да преземат општествена одговорност и да ги овозможат на своите корисници сите можни канали за наплата од продажба на производи и услуги, посебно во странство. Нашите претприемачи, луѓето-професионалци, се во нерамноправна положба во однос на истите тие профили во други земји како и во соседството. Кај нас, банките нудат најскромни услови за финансиска поткрепа на малиот бизнис, а од друга страна сакаме да имаме подобрување на стандардот. Како тоа?
Да им дадеме пример на банките што треба да направат:
👍 Да го контактираат Пејпал и да овозможат непречена комуникација помеѓу платежните картички на македонските корисници и Пејпал.
🥵😱 Некои банки ја кочат работата преку незаинтересираност, незнаење или „толку им сече“. На сликата е сегментот од писмото што е испратено пред некој ден до Донче Илијоски. Пејпал активно работи да овозможи целосни услуги кај сите банки но како што пишува - се одолговлечува самата комуникација (целото писмо е ставено на линкот тука https://bit.ly/3aSh3fO).
Пејпал за наплата во Македонија е можна услуга, потребна е и веќе работи на некои места. Легислативата е сменета и нема пречки. Сега на ред се банките да вратат назад во општеството. Некои велат дека им е неисплатливо. Нека донираат тогаш добра волја и пристап за да овозможат Пејпал преку нивната банка. И нека се пофалата дека се солидаризирале со македонските корисници и неимари.
НЛБ БАНКА Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР
Не сакам да протежирам банка, но бидејќи примарна цел ми е сите банки да нудат услуга за Пејпал, го кажувам како позитивен пример - НЛБ Банка. ВИСА картичките на НЛБ банка овозможуваат Пејпал наплата било за фирма било за индивидуалци.
Значи, секоја банка може да ја понуди услугата ако сака, и има почит кон корисниците.
БИДЕТЕ ГЛАСНИ - ВАШИОТ ГЛАС МОРА БАНКАТА ДА ГО ЧУЕ И ДА РЕАГИРА
Единствен начин да ги „разбудиме“ банките е тој да отидете во вашите банки или да ги контактирате и да побарате да ви се овозможи Пејпал за наплата. Ако ви кажат дека за МК тоа не е можно - кажете дека НЛБ банка има услуга за Пејпал. Ако треба запретете им дека ќе одите во друга банка ако нема Пејпал услуга. Они користат начини на „уцена“ па можете и вие.
Сега е моментот да успееме. „Да ставиме нога на подотворената врата“.
ПС Инаку, форумот за Пејпал редовно се ажурира и може да партиципирате со успешни или неуспешни примери. ПЕЈПАЛ наплата МОРА ДА ИМА во МК. За успехот на домашната економија се работи. www.erp.mk/paypal.
❤️ МК
Фејсбук статус на Венко Глигоров