top of page
Форум на Логин Системи
Прашање?
Заштеди време за евалуација и подесување на Пејпал за прием на пари. Закажи термин за премиум консултација. 👇
Подесување на бизнис сметка и прием на пари со PayPal во Македонија
30 min
36 евра
Ако не си член на сајтот, регистрирај се тука 👉
Најчитано ...
Венко Глигоров, модератор
Имаме сеопфатна понуда на софтвер за сметководство и деловно работење, и плус се грижиме нашите корисници и членови да бидат во топ форма.
Најново од Dynamics 365 Business Central
За форумот
Овозможено од Логин Системи
Логин Системи е компанија која во своето работење посветува внимание на деловната заедница во различни форми.
Покрај нашите деловни софтверски решенија кои овозможуваат поголема конкурентност и модерна работа според потребите на фирмите и организациите, преку форумот овозможуваме размена на бизнис искуства и знаења помеѓу членовите на заедницата.
Ви посакуваме пријатна работа!
Теми за заедницата
bottom of page
Си ми избришал дел, па кога имаш таква моќ - избриши го и целото прашање кое сум го поставил, а не само деловите што не ти одговараат. Останува мојот впечаток, (само)рекламата дека Пејпал работи во Македонија е фиктивна. Работи ако пишеш дека си од Бугарија, што работеше и порано. Затоа сме тука до каде што сме. Сите нешто се фалат, а кога ќе отвориш позади да го употребиш тоа излегува шупливо. Заклучокот ми е дека Пејпал не работи и ќе си бараме чаре на други сервиси (како и што сме правеле). И така е и поскап, од многу други сервиси, дури и за тие со фирми што сте го проработеле. Само се занесов дека ете може некој нешто направил. Криво ми беше дека изгубив неколку часа читајќи како да го направам тоа што е (само)рекламирано, а не работи. Но што да се прави, паднав на реклама.
@Risto Petrov Paypal е сервис за наплата при продажба на производи и улуги. Треба да имаш производ или услуга која сакаш да ја продадеш во странство и да си ги наплатиш парите. При тоа ваквата продажба е предмет на оданочување како било која друга продажба.
Префрлување на пари од странство за да плаќаш кирија и други трошоци се прави со други сервиси - колку што сум запознат илјадници наши граѓани користат Western Union. Според Народната банка, преку една милијарда евра годишно дијаспората префрлува во Македонија.
Друг начин е пријателот да ти извади картичка во земјата во која работи и да ти даде на користење. Картичката ќе ја дополнува со пари за да имаш да трошиш во текот на месецот.
Значи, не ти треба Пејпал за тоа што го бараш.
https://www.paypal.com/us/webapps/mpp/bml-send-money
https://www.paypal.com/us/for-you/transfer-money/send-money
На линковите погоре пишува дека може да се праќаат пари на пријател. Спомната е и причината за тоа што ни треба: „Need to pay a friend back?“. Јас му ги плаќам сметките тука во денари и му го одржувам станот, а тој ми праќа пари за тоа. Не гледам причина тоа да биде предмет на оданочување. Инаку точно е дека има многу други методи, ама сите имаат провизии. Си мислев кога веќе сте го проработиле PayPal да го искористам, но изгледа ништо и од тоа?
Здраво Ристо. Колку што сме информирани, Стопанска банка Скопје нема поврзаност со Пејпал за прием на пари.
Инаку, Пејпал првенствено е наменет за наплата од продажба и услуги во земјата и странство. Со новиот софтвер на Пејпал, има можност да се плаќа директно на емаил/веб адреса и при тоа таквиот прилив е предмет на оданочување.
Веројатно постојат други методи за префрлување на пари од пријател, без вклучување на Пејпал. Затоа треба да зборите со вашата банка или некој сметководител.
Картичката ми е во Стопанска банка Скопје.