Бизнис сметка на ПејПал се користи за продажба на производи и услуги преку Интернет. Пред да се отвори бизнис сметката, лицето треба да провери кои се постоечките законски прописи за даноци и за водење на бизнис. Некаква правна форма за водење на бизнис е условот како на пример трговец/поединец, трговско друштво, невладина организацијата.
Целта на оваа објава е да се покаже техничкиот дел од отварањето на сметката, а за правниот и сметководствениот дел добро е да се обратите на вашиот сметководител или адвокат/правник.
Пред да преминете на креирање на бизнис сметка, можеби е добро да ја прочитата објавата Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување.
1. Отворање на сајтот на пејпал
Се оди на сајтот на Пејпал www.paypal.com и се избира Open a Business Account. Се внесува емаил адреса под која ќе се креира бизнис сметката.
На ова место може да се стави емаил адресата од претходно креираната персонална сметка на ПејПал (види Креирање на сметка во Пејпал за купување).
Се притиснува Continue.
Со оваа постапка може да се креира целосно нова бизнис сметка или да се надгради постоечката приватна сметка во Пејпал до бизнис сметка.
Откако се избере опцијата се притиснува Continue.
2. Опишување на бизнисот
На наредниот екран треба да се стави официјалниот назив на бизнисот. Тоа треба да биде назив на фирмата, организацијата така како што е регистрирана во Централниот регистер. Како што посочува Пејпал, овде не треба да се става назив на бренд или трговска марка.
Потоа се ставаат информации за бизнисот - адреса на седиштето и примарна валута. Примарната валута највеќе зависи од тоа на кои пазари ќе се работи. Ако не сте сигурни, изберете Еуро (евро).
Покрај внесување на податоци, треба да го прочитата Договорот за корисници и Изјавата за приватност. Ако се согласувате со нив, треба да ја штиклирате опцијата By clicking Agree and Continue, I agree to the User Agreement and Privacy Statement.
Потоа се кликнува на Agree and Upgrade Account.
Наредно што треба да се направи е да се опише типот на бизнисот. Прво се одредува дали е трговец-поединец, друштво, корпорација и слично.
Откако првичната информација ќе се стави, се одредува и индустриската гранка и се става веб сајт адреса. Ако немате веб адреса, не ставате ништо или евентуално ставете Facebook страница.
3 Лични информации за администраторот на бизнис сметката
За администраторот на бизнис сметката се ставаат лични податоци. Ако бизнис сметката е надградба на персоналната сметка, тогаш овие податоци се пополнети.
Откако се проверат податоците, се притиснува на копчето Submit.
4 Финални подесувања
Во овој момент Пејпал ќе побара да се достави дополнителна информација - затоа трреба да се притисне на collect additional information. Ова не е задолжителна опција, но е добро да ја направите за да ви се ослободи екранот од непотребниот алерт.
Кога ќе кликнете на текстот, не се случува ништо посебно туку само информација дека вие не сте од САД и дека е ажурирана сметката.
Ако досегашната постапка одеше без проблеми, Пејпал ве информира дека бизнис сметката ви е креирана. Воедно од левата страна имате инфо дека салдото ви е Нула. Примарната валута може да се смени.
5. Конфигурирање на кредитна/дебитна картичка
Уште не е крај на постапката за креирање на бизнис сметка ... На ред доаѓа да се конфигурира вашата кредитна/дебитна картичка на која ќе примате пари од продажбата на производите и услугите како и од евентуалните донации.
Се кликнува на картичката (долу лево на сликата). Екранот може да е различен ако претходно немавте креирано персонална сметка за Пејпал.
Откако ќе кликнете на картичката за да ја потврдите, се појавува прозорец како на сликата подолу. Тука Пејпал ќе сака да ви „земе“ од 1 до два долари (не повеќе од 100 денари) од картичката за да види дека е важечка картичка. Исто така, за да провери дали на картичката може да ви се префрлуваат пари, кога ќе ви го земе износот, на изводот во банката треба да има опис што почнува со PP* потоа 4 цифри и продолжува со CODE.
Ако се согласувате со ова, и имате пари на картичката (100 денари и повеќе), притиснувате Get Code. После оваа операција, може да треба да почекате некое време за да се изведе „земањето“ на тој 1 долар од вашата картичка.
Ако немате електронско банкарство или не добивате на СМС, ќе треба да барате начин да ја видите состојбата на вашата картичка. Иако пишува дека треба да чекат 3 до 5 денови, моето искуство кажува дека не се чека повеќе од неколку минути.
Кога ќе го знаете 4-цифрениот код, може да го ставите во прозорецот како на сликата подолу и да потврдите со Confirm.
Ако кодот е точен, Пејпал ве информира дека картичката е конфигурирана и можете да вршите наплата при продажбата на вашите производи и услуги.
Посакувам успешна продажба и профитабилен бизнис! 💸💸💵💵🛍🛍🛒🛒
🔶 Прашања или дилеми поставувајте во коментар на оваа порака. Или отворете прашање во оваа категорија ...
Информација Ниту јас (Венко Глигоров) ни Логин Системи немаме директна поврзаност со Пејпал или пак имаме некакво застапство ниту имаме обврска за техничка или било каква поддршка поврзана со Пејпал. Активностите со воведувањето на Пејпал во Македонија ги правиме на доброволна некомерцијална основа и како дел од нашата општествена одговорност. * Исклучок може да бидат фирмите и поединците со кои сме договориле или би договориле билатерално некаков вид на соработка на основа на консултант-корисник.
Корисни линкови
Прегледај ги и останатите содржини поврзани со оваа објава.
Не сфаќам, нели пејпал за прием на пари не функционира во Македонија? Или нешто се сменило?