Постапката за креирање на сметка во PayPal за да може да се купува на Интернет или преку електронска пошта е следната.
1. Отворање на сајтот на пејпал
Се оди на сајтот на Пејпал www.paypal.com и се избира Sign Up.
2. Избор на тип на сметка
Се избира копчето за Personal Account и се кликнува на ОК.
3. Основни информации
Се внесуваат основни информации како што се држава, Име, Презиме, емаил адреса и лозунг.
Потоа се кликнува на Next.
4. Контакт информации
Се ставаат податоци за контакт. Се штиклира Stay logged for faster checkout и се штиклира „I confirm ...“ откако ќе се прочита договорот и изјавата за приватност (што речиси никој не ги чита во оваа фаза 😉😉😉).
Address line 2 се употребува ако адресата е подолга од вообичаено.
Откако е пополнето, се кликнува на Agree and Create Account.
5. Линкување на кредитна/дебит картичка со пејпал-сметката
Ако е се' во ред, се појавува следниот екран. Се кликнува на Get Started за да се линкува платежната картичка со пејпал сметката.
Се внесува бројот на картичката, месецот и година на истекување и безбедносниот код (се наоѓа на задната страна од картичката.
Се кликнува на Link Card.
6. Екран за успешно креирање на сметка
Постапката е завршена ако се добие екран како на сликата подолу (или сличен екран).
Со ова завршува постапката за креирање на сметка во Пејпал. Со оваа пејпал сметка може да се купува насекаде во светот кадешто е прифатена картичката.
Посакуваме успешно купување!
🔶 Прашања или дилеми поставувајте во коментар на оваа порака. Или отворете прашање во оваа категорија ...
Напомена Креирање на бизнис сметка за Пејпал се прави како надополнување на оваа постапка. Со бизнис сметката ќе може да се примаат пари од продажба на производи и услуги, или да се примаат бакшиши и донации.