Периодот на корона ја забрза потребата на бизнисите за наплата на своите производи и услуги преку Интернет. Наместо луѓето да доаѓаат во угостителските и другите објекти за да ги подигнат производите, сопствениците на бизниси и нивните менаџери (може да) се ориентираат кон директна достава до адресите на своите купувачи.
Традиционални начини на наплата и нивни ризици
При испораката на производите до крајниот потрошувач, до неговата врата, може да се јаваат повеќе проблеми, меѓу кои и наплатата. Традиционално, наплатата може да се изведе на повеќе начини:
Самиот бизнис да има веб сајт со можности за е-трговија односно веб сајт со можности за наплата со картички
Наплата на лице место со кеш со/или без фискална сметка
Купувачот да се пишманил или да дал погрешна адреса
Сите овие начини на наплата имаат свои ризици и трошоци. 1️⃣ Првиот начин преку веб сајт не е погоден за оние бизниси кои немаат свој веб сајт, не се сигурни дали ќе им тргне со електронската комерција или самиот бизнис не е адекватен за да се вложува во веб сајт. 2️⃣ Вториот начин е проблематичен заради испораката на фискалната сметка, а и регулирање со кусурот. Алтернативно може да се носи мобилен фискален апарат, но ако бизнисот го нема, ќе треба да го набави. 3️⃣ И третиот случај, кој може да биде доста чест е нарачката да е направена, но адресата да не е точна или купувачот да се пишманил.
За горенаведените начини и случаи за наплата, Пејпал овозможува наплата со речиси Нула иницијални трошоци и сигурност во наплатата. При трансакциите со пејпал, и добавувачот и купувачот се заштитени во случаи на злоупотреби како на пример, купувачот да платил, а добавувачот да не испорачал. Добавувачот е заштитен бидејќи тој ја наплатува сметката однапред и има можност да направи и фискална сметка. При ваквата достава, доставувачот не треба да се грижи за наплата или да носи пари за кусур.
Постапка за наплата преку Пејпал
Пред да се започне со наплата преку Пејпал, се отвора бизнис сметка,
📌 Отворање на бизнис сметка. Сопственикот на бизнис или менаџерот треба да отвори бизнис сметка во Пејпал и да поврзе платежна картичка од домашните банки. Картичката може да биде деловна, но може да биде и приватна. Оваа постапка се прави еднаш, на почетокот. Корисни линкови: 📃 Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата) 📃 Листа на платежни картички од МК банки за прием на пари преку Пејпал 📃 Провизии на Пејпал при наплата на производи/ услуги и донации
Откако е отворена бизнис сметката и е функционална и поврзана платежната картичка, се отвора дешбордот на Пејпал на адресата https://www.paypal.com/ или https://www.paypal.com/mep/dashboard.
Се бара копчето/командата Request Money и се кликнува на истото.
Се појавува екран со место за внесување на емаил адреса, корисничко име или мобилен телефон - види слика подолу.
Мобилен телефон не е на располагање за Македонија. Се става или Пејпал-корисничкото име на купувачот (ако е познато или купувачот го достави) или се става емаил адреса. Откако ќе се стави информација за купувачот, се притиснува на копчето Next.
Кога ќе се појави екранот Request Payment, се внесуваат податоците: (1) се избира валутата, (2) се става износот на сметката, (3) се запишува белешка/коментар за да се знае за што се бара пари, и се кликнува на Request Payment.
Ако е успешна операцијата, ќе се добие екран како на сликата подолу.
Во исто време, купувачот ќе добие емаил порака со информации како на следниот екран.
Купувачот ќе треба да притисне на копчето Pay Now и да го плати износот. Парите од купувачот ќе „легнат“ на бизнис сметката на продавачот.
Корисни линкови:
📃 Евидентирање на наплатата преку Пејпал во сметководството или даночната управа УЈП
📃 Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021
📃 Како-да: Пренос на заработеното преку Пејпал -->> на салдото од вашата платежна картичка
📃 Секој први во месецот, Пејпал автоматски префрла се' што има од сметката накај платежната картичка
За прашања и бесплатни одговори, посетете го форумот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost или коментирајте подолу на оваа објава.
Ако е потребна консултација 1-на-1, кликнете на линкот Book Now (напомена: оваа услуга се наплатува).