Корисноста на Пејпал е што може на емаил да се праќаат барања за плаќања. Покрај тоа може да се прават фактури и истите да се праќаат на емаил. Ќе објаснам како.
1. Креирање
На главниот екран се внесуваат основни информации. Емаил адреса на купувачот, назив на услугата или производот и износот. Потоа се кликнува на Create Invoice.
2. Пополнување на заглавие
Се пополнува заглавието на фактурата. На пример може да се стават повеќе купувачи. Исто така, ако е месечна услуга, се означува дека е месечна услуга за да се задолжува купувачот на месечна основа.
3. Пополнување линии
Се проверува линијата со производот или услугата. Може да се додаваат повеќе линии. Исто така се дефинираат ДДВ стапките.
Откако се прегледа фактурата, се праќа Send.
4. Прием на фактура
Купувачот ја добива фактурата во емаил и кликнува на View and Pay Invoice.
5. ... и потоа се бројат парите
😁😁😁😁😁
Штотуку се вратив од НЛБ Тутунска банка и ми беше кажано дека сеуште неможело да се префрлаат пари од PayPal на картичка ... можело само да се плаќа ... Некое друго решение ?
momentalno sum prefrlen na business i koga odam vo send invoice go dobivavm ova :
Your Account May Only Be Used to Send Money
As a PayPal Send Only account holder, you are not permitted to receive funds from other PayPal account holders.
@Vladimir Vuksanovikj, @Blagojce, Наскоро ќе има официјални информации. Ќе ги споделиме тука. Кликнете на Follow на категоријата за да добиете веднаш Update за нови објави.
Едно прашање. Се надевам не е далеку од темата на овој пост. Што се случува со трансфер (прием+плаќања) од/кон странски сметки на Paypal од македонски PayPal бизнис акоунт? имаше акција од Вас, Народна Банка да ги регулира овие трансакции. Но неможев да најдам инфо, па затоа тука прашувам. Се извинувам доколку ова е тема за друг пост. . Благодарам :)