Ако имате салдо на вашата бизнис пејпал сметка, што значи сте продале некој производ или услуга и некој ви платил, на располагање ви е опцијата Withdraw funds. Со оваа опција вие ќе можете да ги префрлите средствата од пејпал сметката -->> платежната картичка која ви е линкувана со пејпал бизнис сметката.
Иницирање пренос
Од главното мени на Пејпал дешбордот, се избира копчето Withdraw Funds - линк paypal.com/mep/dashboard.
Алтернативно, наместо Withdraw funds може да стои линк за Transfer Funds што е иста работа.
Избор на платежна картичка на која треба да легнат парите
На следниот прозорец се потврдува картичката на која треба да легнат парите. Можете тука да линкувате друга платежна картичка.
Откако се одбира платежната картичка, се потврдува со Next.
Преглед на условите за преносот и потврда за изведба
Потоа се потврдува преносот ако условите се задоволувачки.
На сликата погоре стои дека курсот на еврото е 59,4044 денари - тоа е некаде 2,5% што задржува банката која ја сервисира картичката.
Конфирмација за успешен пренос
Кога ќе се изведете преносот, се добива конфирмација дека парите се префрлени на VISA бизнис картичката.
Пејпал вели дека парите ќе легнат на картичката за 1 до 3 работни денови. Ова се деновите потребни за банката да ја процесира трансакцијата. Инаку, на дешбордот на Пејпал може да видите дека парите се префрлени и салдото е Нула.
Парите се на располагање на вашата платежна картичка
По некое време, парите се на располагање на бизнис платежната картичка.
Операцијата за прием на пари на платежна картичка во банка може да се разликува од банка до банка. Останува на корисникот да се распраша кои се условите за работа со Пејпал за прием на пари.
...
Примам бакшиш преку Пејпал на сметката на Логин Системи. Ако сте задоволни од написот и од целосната активност околу Пејпал, пуштете срце и пратите бакшиш на адресата paypal.me/loginsystems или со клик на копчето подолу.
Ова е впрочем и идеална прилика да пробате како функционира Пејпал. 😉😉😉 Благодарам однапред за бакшишот. 💙💚💛❤️ Ако нема за бакшиш, лајкнете подолу или споделете ја објавата за да израдувате некого. 😎😎😎
Корисни линкови
Прегледајте ги и останатите содржини поврзани со оваа објава.
Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари
Како-да: Правење фактура и испраќање по е-пошта преку PayPal
Ако имате прашања или ви треба совет, најдобро е да поставите прашање тука. Или коментирајте на некоја од објавите.
#пејпал #paypal #какода #чекорпочекор
Процентот при конверзија на валути Пејпал го зема, банката нема врска со ова. А и зошто праќање во денари кога може во оригинална валута да повлечеш, во банка ќе добиеш денари по курс на НБРМ. Инаку сега ја пробувам финтата со бизнис пејпалот дали воопшто работи.