Во објавата Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачите може да се провери дали бизнис сметката подесена да поддржува прием на пари.
Од нашето досегашно искуство се покажува дека MASTERCARD не поддржува Пејпал во Македонија. Имаме сознанија дека се разговара со Мастер за овозможување. Кликнете Follow на овој пост или на целата рубрика за Пејпал за да добиете веднаш информација кога Мастеркард ќе биде расположив за прием на пари.
Уште една работа што е важна е дека пријавената картичка во бизнис сметката треба да поддржува Ауто-трансфер (видете слика подолу).
Лево прикажаната картичка има опција за Ауто-трансфер.
Ако во бизнис сметката нема пријавено картичка што нуди Automatic Transfers - Пејпал не ги вклучува функционалностите за продажба преку Пејпал. Ова е заштита за корисниците на бизнис сметката затоа што може да се случи некој да ви плати, а Пејпал да нема механизам да ви ги префрли парите на картичката. Најдобро е тие што имаат картичка што не поддржува Ауто-трансфер - да се обратат на банката-издавач на картичката.