Бев на последниот настан за Пејпал, но тогаш не отворив акаунт. Сега син ми почнал нешто со видео едитирање за некои гејмери и сработил 80 долари па сака да ги повлече парите.
Отворив АЛБ акаунт на пејпал, па се мислам дали да го префрлам во бизнис акаунт како што советувавт.
Акаунтот го поврзав на Виза дебитна од Халк, која дефакто тој ја користи (купување игри и сл.). Прашањето ми е дали да трансформирам во Бизнис акаунт (физичко лице, ако повлекува пари ќе си плаќам персонален) или да го оставам како сега па вака да му праќаат средства (гледам дека ја има таа опција)?
Здраво Игор,
Начинот на наплата не игра улога во обврската за данокот. Ако приливот е на физичко лице, тогаш обврската е за персонален данок. Ако приливот е на правно лице, тогаш постои обврска за ДДВ. Важно е да се консултирате со сметководител за самото оданочување ако приливот доаѓа од стрнанство и каде лицето ја изведува услугата. Конкретно, дали сте наплатиле од лична или бизнис Пејпал сметка, не игра улога за данокот. Повеќе за даночниот третман имате на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost/danochen-tretman-na-plakjanja-i-provizii-kaj-paypal-transferi.
Што се однесува до дилемата дали да користите лична или бизнис пејплал сметка за наплата, тоа зависи од нивото на бизнис (и наплата) што ќе го правите. Со бизнис сметка можете да имате рзновидни начини на наплата преку емаил, фактури, веб сајт и слично. Личен акаунт одговара за лица кои ретко имаат потреба од прилив на средства и истите се во мал износ.
Можете и да изгуглате нешто во стилот „difference between personal and business Paypal account“ и ќе добиете многу посеопфатни одговори на вашата дилема.