Една фирма ни уплати за производ/лиценца преку веб сајтот (линк https://www.loginsystems.biz/mesechna-pretplata-dyn365bc). Веб сајтот ни е конфигуриран за наплата на нашите производи и услуги преку Пејпал и работи на платформата Wix Store. Повеќе за Пејпал и Wix има во објавата Поставување на PayPal на веб сајтови направени со Wix, Weebly и WordPress.
Откако се разбравме со потенцијалниот купувач дека набавената месечна претплата за Dynamics 365 Business Central не е соодветно решение за нивните потреби, со едноставна операција на сајтот ја стопиравме трансакцијата (види слика 2 подолу).
Стопирањето на набавката иницираше во позадина да се вратат парите на фирмата што ги уплатила (види слика подолу).
Тоа е убавината во работата со Пејпал: ги заштитува купувачите од погрешни набавки или од неисполнување на обрвските на трговецот. Воедно го растеретува бизнис сопственикот на Пејпал од непотребни активности во комуникации со банки, картички, пишување поплаки и слично.
Затоа „странците“ сакаат да плаќаат преку Пејпал во земји како Македонија - се чувствуваат сигурни дека нема да бидат изманипулирани и дека ако е грешка, може да се надеваат дека парите ќе им бидат вратени.
Пејпал работи во Македонија
И да, Пејпал за прием на пари работи во Македонија. Откако го креирав(ме) бизнис акаунтот за Пејпал со македонски картички во април 2020, досега не сме имале било какви потешкотии (како што некои кажуваат дека имале во минатото).
Оваа објава е адаптација на постот на фејсбук на мојата страна.
Повеќе инфо има подолу:
🗞️ Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари
🗞️ Листа на платежни картички од МК банки за прием на пари преку Пејпал
🗞️ Евидентирање на наплатата преку Пејпал во сметководството или даночната управа УЈП
🗞️ Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021
👉 Споделете го вашето искуство на место со клик на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost/create-post. Да им помогнеме на другите. Благодарам! 🙏🙏🙏