Споделуваме сублимирана информација за платежните картички кои може да примаат пари преку бизнис сметка на Пејпал.
Тоа што засигурно се знае е дека ниедна картичка МАСТЕР не работи за прием на пари преку Пејпал.
Од VISA картичките ги издвојуваме следните картички и соодветните банки за кои имаме информација дека поддржуваат прием на пари:
✔️ VISA НЛБ Банка - Business
✔️ VISA НЛБ Банка - Electron (Успешно креиран бизнис paypal со дебитна картичка од НЛБ)
✔️ VISA Комерцијална банка - кредитна (линк)
✔️ VISA Стопанка банка Скопје - кредитна (линк за повеќе)
Важно е да се забележи дека НЕ игра улога дали картичката е на физичко или правно лице. Ова игра улога кај пресметката на даноците. Повеќе има на Евидентирање на наплатата преку Пејпал во сметководството или даночната управа УЈП.
Погоре изнесените информации за картичките и соодветните банки се добиени од членовите на онлајн заедницата на Логин Системи.
Ако имате искуства со други платежни картички, ве молиме да споделите тука во коментар или да креирате нов пост тука.
Корисни информации за проверка на картичките и банката кои ги издава
Ако сакате да проверите дали вашата картичка ќе поддржи прием на пари, овие постови може да ви помогнат.
Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачите
Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата)
Денес имаме потврда од наш член дека и ВИСА картичките на Халк банка се поддржани.