Платежниот провајдер PayPal има нов интерфејс за главниот екран www.paypal.com - популарно наречен дешборд (контролна табла).
Покрај салдото на сметката, на левата страна се покажани приливите и одливите на пејпал сметката. Може да се избере прилив или одлив во одреден период - (1) последни 7 денови, (2) последни 30 денови, (3) последни 90 денови.
Во хедерот има јасна информација за сметката и називот и ова е корисно посебно за лицата што имаат повеќе сметки, приватни или бизнис. На екранот горе има и брзи линкови за најчесто користените операции - овие копчиња може да се подесуваат согласно желбите и потребите на корисникот.
Повеќе за Пејпал и Македонија
Чекори за креирање на бизнис сметка за Пејпал. Искуството кажува дека тие што се раководат по оваа постапка имаат можност да примаат пари преку Пејпал на македонски платежни картички
Овој форум ги има сите потребни информации за да почнеш со Пејпал или да ги решиш некои од проблемите што ги имаш. Ако ти е потребна лична и фокусирана асистенција, закажете консултација на линкот долу (* оваа услуга се наплатува).