Изминативе две недели следев како оди провизијата на Пејпал при наплата на услуги од Логин Системи. Бизнис сметката за Пејпал на Логин Системи е направена според упатството опишано во Совети за отворање бизнис сметка Пејпал за онлајн наплата на производи и услуги во Македонија. Подолу споделувам табела на провизии со различни износи:
Ако може да се забележи, провизијата е составена од 5,4% проценти на износот зголемени за фиксен износ од 0,35 евра ако наплатата е во евра. Ако наплатата е во американски долари тогаш фиксниот износ од провизијата е 0,30 долари.
Ова се релативно високи провизии за помалите износи. На пример за наплата од 1 евро вкупната провизија е 40%, а за наплата од 3 евра, вкупната провизија е 17,1%. При наплата на 36 евра, вкупната провизија е пристојна и изнесува 6,4%.
Сопственикот на бизнис сметката може да преговара со Пејпал за подобри услови.
Можност за надградба на бизнис сметката за работа со микро-плаќања
Ако самиот бизнис има поголем број на мали плаќања, на пример под 5 SGD (пет сингапурски долари) кои во МКД би изнесувале околу 220 денари, тогаш сопственикот на бизнис сметката може да иницира надградба на истата за прием на микро плаќања.
Провизијата за ваквите микро-плаќања се 5 или 6% (во зависност од земјата од која се наплатува) и фиксен дел во износ од 0,05 евра ако наплатата е во евра.
Ако ја примениме оваа формула на наплата во износ од 1 евро, тогаш вкупната провизија е 10%, а за износ од 3 евра, ваквата провизија изнесува 7%.
Разликата во провизиите прикажани во табелата погоре е значителна. Повеќе информации за надградба на бизнис сметката за микро-плаќања има на линкот https://www.paypal.com/co/smarthelp/article/how-can-i-update-my-payment-preferences-for-micropayments-faq1691.
Најнови информации за ценовната политика на PayPal од 07 септември 2022 има за даунлоад: 👇👇👇