Пред 18 месеци пишував дека Пејпал ги испраќа примените пари до корисникот на Пејпал бизнис сметката. Повеќе тука. На друг линк, Провизии на Пејпал при наплата на производи/ услуги и донации, има повеќе инфо за провизиите на Пејпал.
Сега ќе анализам eдна трансакција направена на 1ви ноември 2021 година - слика подолу. Значи, ептен тазе ситуација - примени пари на 1ви ноември, а Пејпал ми ги префрлил на 1ви декември 2021.
На овој датум се наплатени пари за услуга од 30 евра. Од овие пари, Пејпал задржал 1,97 евра и износот на сметката изнесува 28,03 евра. Провизијата излегува дека е 4,4% и дополнителни 0,65 евра од трансакција.
На 1ви декември 2021 година, Пејпал ги праќа парите на платежната картичка што е пријавена во Пејпал за прием на пари. На сликата подолу се прикажани деталите од трансакцијата.
На емаил адресата се добива информација за автоматскиот трансфер на средствата.
Рекапитулар на целата трансакција - табела подолу.
Вкупната провизија за износ од 30 евра изнесува 10.9% од оригиналниот износ. За износи поголеми од 30 евра, оваа провизија е помала.
Провизијата од Пејпал кон деловната банка што ја опслужува платежната картичка е менлив - повеќе може на Провизија %, курс на евро при префрлување на пари од Пејпал на приватна или службена платежна картичка
Важна напомена: провизиите се предмет на измени на Пејпал, банката во Македонија и/или нивната соработка - заедно. Овие провизии се менуваат и во други земји. Претходно провизијата на Пејпал беше 4.4% и плус 0,35 евра од трансакција. Сега излегува дека е 4.4% плус 0,65 евра.
Уште поважно - даноци: Приходите што се наплатуваат со Пејпал имаат третман како секои други приходи и се предмет на оданочување. Повеќе за даноците има на Даночен третман на плаќања и провизии кај Пејпал трансфери.
На форумот може да се информирате за повеќе околу Пејпал - www.loginsystems.biz/paypal. Тука може да се постави прашање и потенцијално да се добие одговор од модераторот или некој од членовите.
Ако некого му е потребна персонализирана услуга, еден-на-еден, на линкот подолу може да закажете средба за премиум услуга - кликни на сликата за повеќе.