Неодамна налетав на некој форум во кој граѓанин/трговец од Македонија прашува како да отвори PayPal сметка во светски лидер за електронски продавници.
Администраторот на форумот за односи со корисници одговара дека не знае зошто нема можност за PayPal во Македонија и информира дека некои трговци отвораат сметки во други земји како решение за нивните потреби за електронска комерција. Подолу дел од преписката на јули 2018.
Јас имав потреба да платам една услуга online на провајдер во Германија. Тој нуди опција за плаќање преку PayPal, Skrill или Bank Transfer. Ми требаше најбрзо што може и плаќањето да го извршам преку мојата компанија. Не можев да отворам Business Account во PayPal со напомена дека не е овозможена во нашата земја.
Ако те разбрав добро, можам да отворам Bank Account на компанијата во Банка А во друга земја и така ќе можам да отворам после Business Account во PayPal? Ако е така, тоа значи ќе треба да префрлам пари првин на таа сметка во Банка А, па преку PayPal да располагам со нив и да плаќам?