Здраво на сите,
Информативно ме интересира дали со користење на онлине сервисот Payoneer, сме задолжени на плаќање данок вклучувајќи го и прогресивниот се додека парите не се испорачани на банка во одредена држава ? Значи сценариото е .. легнување пари на сметка на сервисот и користење на картичка за влечење на истите без претходен трансфер на истите во одредена банка во одредена држава ?
Благодарам унапред,
Александар.
Zdravo
Dali moze eden sovet okolu rgistracijata na Payoneer?
Zosto ne mozam da dobijam kod za registracija na profil ?
Благодарам Павле на твоето одвоено време за одговорот на прашањето.
Што се случува ако на пример примачот има двојно државјанство ? На пример да речеме има Бугарско и Македонско каде што на сервисот е регистрирана сметката во Бугарија а е резидент во Македонија? Во тој случај може Бугарија да бара данок да се плати таму и плус во Македонија а имам разбрано дека двојно оданочување нема.
Благодарам.
Александар.
Данок на доход се плаќа на сите доходи остварени по сите оданочиви основи во земјата и странство. Формата на прилив, прием, наплата и подигање на заработените парични средста за доход кој се оданочува нема влијание на даночната обврска.. Приемот на пари на начин кој не го контролира македонската даночна пријава не ги ослободува македонските даночни обврзиници од обврската да го пријават доходот, да состават пресматка и да го платат данокот.