Провизиите што ги зИма Пејпал наплата на производи и услуги се разликуваат во зависност од земјата во која се работи и е пријавена во бизнис сметката на Пејпал.
При креирање на бизнис сметка во Пејпал, Пејпал доделува трговски број и назив на бизнис сметката за да се распознава од другите. Со кликнување на линкот https://www.paypal.com/businessmanage/account/aboutBusiness се добива информација слична како на сликата.
За креирање на бизнис сметка посети го постот Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари.
Исто така треба да се провери земјата во која ќе работите - линк https://www.paypal.com/businessprofile/settings/info/. Види слика подолу ....
Направив неколку тест наплати на мали износи и провизиите се прикажани подолу во табелата.
Прикажани на графиконот подолу, јасно се гледа дека со зголемување на износот, провизијата е помала. Нормално, нели?
Каква е математиката за пресметка?
Математиката за пресметка на провизии изгледа вака: 👉 4,4% на износот и плус 0,35 евра од трансакција (наплата).
За помали износи излегува голема провизијата. Има начини и таа да биде помала ако се користи опцијата микро-плаќања (анг. micro-payments). Кај наплати помали од 10 долари, ваквата провизија е 6.5% на износот и 0,05 евра од трансакција. За да се овозможи ваква опција, потребно е да се пополни во Пејпал формулар и да биде одобрен.