Нормално дека највеќе прашања има колкава е провизијата при работа со Пејпал. Теоретски, провизија се наплатува на два пати, еднаш при самата продажба и наплата, а вториот пат при преносот на парите од пејпал сметката на платежната картичка.
Темата тука ќе биде за провизијата што евентуално се наплатува при преносот на парите од пејпал сметка - на конто на платежната картичка. Пишувам потенцијално, бидејќи и не мора да има провизија. Има два начина на пренос, (1) едниот начин е корисникот да си префрли пари во време кога повеќе му одговара, а (2) другиот начин е Пејпал автоматски да префрли пари на први во месецот.
Провизија при пренос во време по желба
Кусо кажано, Пејпал не пресметува провизија при ваквиот пренос, а засметува конверзија на курсот од 2,5% плус провизија од банката која зависи од банка до банка. Во тотал, тоа е некаде 4% - види слика подолу.
Оваа опција е опишана во Како-да: Пренос на заработеното преку Пејпал -->> на салдото од вашата платежна картичка.
Автоматски пренос на пари секој први во месецот - Провизија 0%
Ако поинаку не сте подесиле, целото салдо што го имате на пејпал сметката, Пејпал ќе го „врати“ назад на платежната картичка што сте ја подесиле за авто-трасфер - на први во месецот. Во постот е објаснето за автоматскиот пренос на парите кон приватна или службена картичка - Секој први во месецот, Пејпал автоматски префрла се' што има од сметката накај платежната картичка
Сега ќе објаснам како изгледа приемот на парите на самата картичка базиран на примерот погоре. Први во мај е секогаш неработен ден и со тоа парите не пристигнаа на платежните картички. Се чекаше до понеделник ...
Пренос на приватна платежна картичка
Спротивно на мојата логика за деловно работење, парите од бизнис сметката на мојата приватна дебитна картичка стигнаа утрото на 4ти мај 2020.
Испратени пари од 0,6 евра од Пејпал сметка Венко Глигоров како налогодавач, се пристигнати на картичка Венко Глигоров во износ од 37 денари. Износ на курс на еврото: 61,6667 денари.
Пренос на службена платежна картичка
Приливот на службената картичка не пристигна автоматски. Чекав до вчера до пладне, и потоа се обратив во соодветната служба во банката за да ги префрлат парите. Ако може така да се каже, парите „патуваа“ една седмица - види подолу приливот.
Испратени пари во износ од 9,14 евра од пејпал сметка Login Systems DOO на службена картичка во износ од 565 денари. Износ на курс на еврото: 61,8162 денари. Убав курс.
Заклучок
Од ова искуство може да се заклучи следното: Ако сакаш парите да ти стигнат веднаш откако ти платиле, се наплаќа, така да ја наречеме, излезна провизија од околу 4%. Ако парите ти стигнуваат по редовна постапка на 1ви во месецот, тогаш нема излезна провизија.
Уште нешто се приметува. При редовен пренос, Пејпал исплатува од Луксембург. Ако корисникот бара веднаш да му се пренесат парите, исплатата оди од Сингапур.
Корисни линкови
Прегледајте ги и останатите содржини поврзани со оваа објава.
Ако имате прашања или ви треба совет, најдобро е да поставите прашање тука. Или коментирајте на некоја од објавите.