Денес, 06.08.2019, на покана од Народната банка на РСМ (НБРСМ) остварив работна средба со Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и нејзиниот тим.
На средбата разменивме информации и искуства околу регулативите и потешкотиите за воведување на Пејпал, Скрил и другите платежни процесори во Македонија.
НБРСМ изготви предлог-одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со други зборови, се отстрануваат пречките домашни граѓани и фирми да отвораат/користат сметки во странски електронски сервиси за платежни трансакции какви што се Пејпал, Скрил и останатите за прием на пари преку електронска трговија.
Предлог-одлуката ќе (треба да) се усвои на 29 август оваа година на Советот на НБРСМ. По усвојувањето, раководството на НБРСМ е подготвено да продолжи со прилагодување на регулативата/условите кон потребите на професионалците, компаниите за побрз „влез“ на Пејпал и останатите.
Повеќе информации има во оваа рубрика или кликни Follow за известување на новините за оваа тематика тука.
Можеби е само еден аспект, но интересен. Како пример би ги посочил валутите во „паметните“ држави Црна Гора и Косово. Кој не знаел имаат за валута евро и можеби најлесно поминале, наместо како нас, сопствена валута, па усидрување, па 1000 услови за да влеземе во Евро зоната. Не дека денарот ќе биде појак од доларот или еврото, но дали како спомнатите две земји да „забраниме“ сопствена валута или да даваме најпрвин и подобри услови за „поединечни готови решенија од надвор“.
Да се либерализира плаќањето во Македонија, да се обезбедат законски услови за македонски даватели на вакви услуги и да се зајакнат нивните капацитети, на крај да се влезе во отворена конкуренција на отворен пазар и тие кај нас и ние кај нив, па тогаш ќе тераме бизнис.
Секако пропуштено многу време, без изводлива стратегија, позитивна и квалитетна селекција на кадри во сите свери кои можат да донесат резултати, а кога ќе дојде „јајцето“ не се бираат ни место ни време - се е добредојдено.
Веројатно за прослава на влегувањето на ПејПал веднаш ќе се почастам со кока-кола и мекбургер.
Во секој случај добри поздрави за добрите луѓе.
Секако добредојдени се сите новитети. Но, дали не треба(ше) најпрвин да се либерализира и поспешат фирми во Македонија, па да конкурира на светскиот пазар, а при пристап на некоја вака посебна фирма - да се бараат исти права за нашите фирми во земјите од каде доаѓаат овие системи.
Чекајќи го Годо да дојде (ЕУ и Пејпал) некогаш се губиме (не мислиме најпрвин на) самите себе и сопствениот развој т.е. дека никого не треба да чекаме - треба најпрвин да изградиме, произведеме и да излеземе на пазарот на размена - штитејќи ги најпрвин своите интереси.
Либерализација на плаќањата и платежните услуги, да.
Но само или најпрвин за странски фирми?
Сега за сега се во еу и Австралија. За месец два почнуваат во Америка
Се надевам нема да се ограничи за одредени сервиси оваа одлука, туку ќе може сите FinTech индустрии да влезат на пазарот. Како revolut, mondo итн.
Дали со самото усвојување на 29 ти, ќе бидат тргнати сите пречки и преостанува само ПејПал да се убедат да влезат на пазарот, или ќе биде потребно уште некој период додека да се финализира се?