Сакам да прашам дали во меѓу време има некој креирано нов бинис Пејпал акаунт и да има прилив на пари? Во интерес на заедницата е да споделуваме искуства, добри или лоши. Така ќе можеме да влијаеме да се подобрува услугата и да се прилагодуваат условите за трговците и претприемачите во Македонија.
Ве молам коментирајте на овој пост или креирајте нов пост на https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-post.
Ако нешто не ви е јасно, поставете прашање на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-question.
Здраво. Јас уште пред неколку месеци успеав да го апдејтувам својот стар paypal акаунт во бизнис акаунт. Ги проследив сите чекори во објавата „Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари“. Како што е таму опишано, ми земаа некоја симболична сума за конфигурирање на картичката (Visa дебитна картичка од НЛБ). Сето тоа беше успешно, но сепак нешто беше чудно во сетинзите (не можев да ги најдам подесувањата за прием на пари), па така таа работа постојано ја одложував, а во меѓувреме ги следев објавите и коментарите поврзани со темава. Сега забележувам дека на мојот бизнис акаунт не постои можност за подесување за прием на пари, Дури и кога се обидувам да креирам свој Invoice темплејт, го пишува следново „Your Account May Only Be Used to Send Money“. Има ли решение за овој проблем? Што треба да направам со мојата бизнис сметка за да можам да примам пари на неа?