По неколку неуспешни обиди конечно мојот бизнис пејпал акаунт е активен! Следејќи ги инструкциите од линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost/soveti-za-otvoranje-biznis-smetka-pejpal-za-onlajn-naplata-na-proizvodi-i-uslugi-vo-makedonija креирав успешен бизнис акаунт на пејпал со виза картичка од Комерцијална банка. Како што пишува и во инструкциите од линкот, креиравме нов емаил, нова картичка, го сменивме името на компанијата од ДОО во ЛТД, користевме нов браузер (мајкрософт еџ).
Накратко чекори кои ги направив:
- Креирав нов персонален акаунт
- Избрав земја Албанија ( МНОГУ ВАЖНО!! При креирање на акаунтот во URL да стои paypal.com/al а не paypal.com/mk ), а притоа внесив град, поштенски број, телефонски број, улица на живеење ОД МАКЕДОНИЈА.
- Веќе креираниот персонален акаунт го префрлив во бизнис акаунт
- Ја внесив и картичката од комерцијална банка, го потврдив кодот кој ми стигна од мобилната апликација од банката, со што ја активирав картичката.
- Извршив 2 пробни тестирања, и двете беа успешни.
Тоа е отприлика моето искуство со Пејпал. Следете ги инструкциите и чекорите од линкот погоре и ќе креирате пејпал бизнис акаунт во 30 минути. Со среќа!
Здраво,
Ме интересира дали бизнис акаунт на PayPal. може да отвори само регистрирана фирма или може и индивидуалци кои работат online без регистрирана фирма. Доколу може какви податоци се внесуваат при креирањето на бизнис акаунтот?