Со одлуката на Народната банка се надмина главната регулаторна пречка. Првиот чекор е направен, но сеуште е рано да се зборува за (одржливи) резултати.
Од социјалните мрежи и од лично искуство мислам дека е потребно да се направи синхронизирана акција за изградба на одржлив и пофитабилен-за-секого систем на пред-се' извоз на македонски производи и услуги (и нивна наплата).
Поголемите фирми и организации тоа го можат и им е направено. Потребна е поддршка за помалите организации, за професионалците и за оние кои допрва треба да почнат и ќе имаат за почеток мали и нередовни трансакции.
Кои се' чинители треба да бидат вклучени?
Пред се' сево ова мора да биде следено од Народната банка и соодветно да се реагира на регулативата во подоцнежните фази.
Банките ќе треба да понудат услуги и пристапни за водење на сметките кои ќе бидат поврзани со странските сметки на платежните оператори.
Министерството за финансии треба да ги координира УЈП и Царината, но и да предвидува во буџетот ставки за поддршка на извозот на производите и услугите. Буџет треба за промоција на Македонија кај платежните оператори, поддршка и субвенционирање на малите трансакции кај фирмите, како и организирање на обуки преку овластени консултанти - ова е за Министерството за економија.
Министерството за транспорт е потребно да врши ревизија на работењето на Македонски пошти на регуларна основа. Исто така треба да создаде услови да се појават помали и пофлексибилни транспортни оператори кои за мали пари ќе праќаат мали пратки низ светот.
Инспекторите во УЈП да бидат запознати за овие (за Македонија) нестандардни услови на продажба и да стимулираат таква продажба наместо да гледаат интерес како да искамчуваат бенефиции од фирмите што продаваат преку Интернет.
Посебно место за ваквите продажби има во Царината. Продажбата преку Интернет е around the globe, 24 пута 7. Исто така, карактеристика е тоа што има многу мали пратки но многу чести. Ако се оди по стандарден канал, македонските производи нема да бидат конкурентни. Една царинска декларација заедно со услуга од шпедитер иде накај 100 евра. За производи од 30 или 40 евра, колку што би можела да биде една пратка со некакви производи, овој износ е огромен.
На крајот, секако се стопанските комори. Тие треба да ги стимулираат фирмите, да вршат едукација и да даваат поддршка на олеснување на работењето со продажба преку Интернет. Најважно, стопанските комори е потребно да работат со фирмите на „брусење“ на македонските производи и услуги за да може да бидат конкурентни на светските пазари.
Кои се вашите размислувања?
Ова би биле појдовните основи за воведувањето на Пејпал и останатите во Македонија. Што мислите? Кои се вашите видувања? 🤔🤔🤔
Ве молам да ја проишите дискусијава на повеќе места за да имаме релевантност. Благодарам! 👏👏👏👍👍👍
За почеток може да се формира и комисија или тело од страна на УЈП или друг орган што би бил надлежен за оваа нова ситуација за пренос на пари и трговија и доволно е да превземе искуство од друга држава во која веќе повеќе години функционира непречено Пејпал. Не треба да измислуваме топла вода, доволно е да го примениме тоа што веќе постои. Но секако тука е најбитно да постои интерес кај државните органи, како што беше случајот со НБРМ што мислам дека ова прашање одамна требаше да биде решено. Уште еднаш браво за Венко!