Во “Службен весник на РСМ” бр. 263/23 од 12 декември 2023 година е објавено даночното намалување (лично ослободување) за 2024 година врз основа на данокот на личен доход, односно по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија.
Почнувајќи од јануарската плата во 2024 година, даночното намалување изнесува:
Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2024 година на годишно ниво, изнесува 114.480,00 денари.
Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 9.540,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.
Даночното намалување ќе се користи со исплатата на платата почнувајќи од месецот јануари 2024 година.
Месечното даночно ослободување за 2024 изнесува 9.540 денари.
Корисни линкови и пресметка на плати
💡 За да се подготви МПИН за јануари 2024, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк.
💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години
💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata