Еволуцијата на сметководствените услуги ја менува рамнотежата и квалитетот на односите меѓу клиентите и сметководителите. Се менуваат и односите во фирмите ... За некои е тоа предизвик, за некои - опасност.
Моето искуство со сметководството започнува во 90тите години кога бев автор на сметководствен програм и програм за магацинско работење. Всушност, мојат прва програмерска задача и клиент ми беше поврзан со програм за плати.
Во текот на сиве овие години очигледна е еволуцијата на сметководствените услуги. Во 80тите и 90тите години, сите книжења и податоци беа во сметководствените оддели на фирмите или во сметководствените бироа. Почетокот на новиот милениум донесува промени при што фирмите внесуваат документи и прават фактури - воедно вршат и базични книжења.
Денес, современите сметководствени бироа и нивните клиенти ги менуваат односите. Сметководителите се одговорни за изработката и верификацијата на задолжителните законски извештаи, а фирмите работат се' што е потребно. Така е во светот ...
Кај нас допрва доаѓа тој бран. Како се изведува подобрената соработка меѓу клиентот/фирмата и сметководителот? Со помош на новите технологии и хостирани решенија се постигнува оптимално оптоварување на двете страни. Повеќе за трендовите има на форумот за сметководители https://goo.gl/y2XeK3 ...
Ако си сметководител, може да почнеш соработка со нас на https://goo.gl/mGyjoe ...
Традиционално и ново работење во сметководството ...