Со Уредбата со законска сила за Финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор поради кризата предизвикана од корона вирусот, за исплата на платите за април и мај 2020 година се уредуваат начинот и условите на поддршката. Заклучок е дека финансиска помош не може да користи основач односно сопственик на барателот – работодавач.
Имено, мерката не се однесува на сопстсвеник/основач на работодавачот-барател на финансиска поддршка, управител, прокурист, односно застапник по закон и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка. Исто така не се однесува на органи, институции, агенции и други субјекти на државна власт како и на приватни агенции за вработување за работници кои ги отстапиле на работодавачи од државна власт.
Од ова произлегува дека кај нас многуте човек- фирма, нема да имаат финансиска поддршка за исплата на платите (пр. трговци, фризери, козметичари, мајстори, сервисери и останати занаетчии).
Вашите дилеми или прашања, ги очекувам подоле..
Мери Каровска, Овластен сметководител
Во четвртокот, на 9 Април 2020 година, во Сл. Весник бр. 97, објавена е Уредбата со законска сила за изменување на уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од кризата предизвикана од Covid-19, заради исплата на платите за април и мај 2020 година.
Имено, избришано е ограничувањето управители и сопственици/основачи на друштвата вработени во истите да не може да ја користат мерката за поддршка на платите од 14.500 денари.