Економско-правното биро ФВ Консалтинг со електронска порака до своите корисници испрати информација за платите во јули 2022 година.
Во делот на надоместоците на трошоци за вработени во приватниот сектор, а согласно соопштението од Државниот Завод за Статистика, ДЗС, бр. 4.1.22.66 и 4.1.22.67 од 22.07.2022 година, граничните износи за регресот за годишен одмор се:
🔶 Минималниот нето износ на регресот за годишен одмор (К15) изнесува 12.535 денари.
🔶 Максималниот износ на регресот (К15) изнесува 33.820 денари.
(види табела подолу)
*1 минимален износ ОКДПСС, *2 максимален износ според Законот за данок од добивка, * Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (ОКДПСС)
Ова значи дека компаниите може да пресметуваат поголем износ на регрес за годишен одмор со плаќање само на персонален данок (данок на личен доход) од досегашните минимални (види за 2021). За бруто износ на регрес поголем од 37.578 денари, компанијата треба да плати и данок од добивка.
Пример: за бруто износ од 30.000 денари, државата издвојува 10% персонален данок во износ од 3.000 денари, а нетото за вработениот е 27.000 денари.
Извор: ФВ Консалтинг
Корисни линкови и пресметки
💡 Пресметка на регрес се прави на линкот на Управата за јавни приходи https://e-pdd.ujp.gov.mk/.
💡 За преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години
💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata