Ако ви се случи да не можете да потпишете ДДВ пријава за УЈП, а претходно можело на вашиот компјутер, проверете ја верзијата на Java.
Новите верзии на Java не овозможуваат безбедносно ниво Medium (Least Secure Setting) - види слика подолу. Поради ова покачување на безбедносното ниво, апликацијата на УЈП за потпишување не може да се стартува и јавува грешка. Кога ќе кликнете на грешката ќе се појави порака со текст java.lang.reflect.invocationtargetexception.
Како се решава овој проблем?
1️⃣ Прво, проверете ја верзијата на Java во компјутерот во Control Panel. Ако пребарате со Java и не пишува Java (32 bit), најверојатно имате 64 битна верзија или 32 битна верзија 8.0 со најнов датум.
2️⃣ Второ, кога ќе кликнете на Java во Control Panel и одите на табот Security, потребно е да имате опција за Medium како на сликата подолу.
Ако немате опција за Medium, ќе биде потребно да деинсталирате постоечката верзија на Java - тоа се прави со Uninstall Program во Control Panel. Повеќе инфо има на линкот https://www.java.com/en/uninstall/uninstall_instructions.html.
3️⃣ Трето, откако ќе деинсталирате верзијата на Java потребно е да инсталирате верзија која е компатибилна со УЈП. Таква е верзијата Java 7 Update 79.
🗞️ Оваа верзија може да ја симнете од сајтот на Oracle на линкот https://www.oracle.com/ie/java/technologies/javase/javase7-archive-downloads.html.
🗞️ За постара верзија 8 може да го користите линкот https://www.oracle.com/java/technologies/javase/javase8-archive-downloads.html.
📥 Верзијата 7 може да ја преземете и ако кликнете на линкот подолу.
Постот е пишуван на 26.04.2023 и со текот на времето оваа информација може да биде бајата/несоодветна.
Лајкнете го постот ако ви беше корисен. 👍 Благодариме. 🙏🙏🙏