МСФИ информира дека почнувајќи од месец февруари 2019 година аконтацијата на данок на добивка која треба да се плати до 15 март 2019 година започнува да се плаќа на пресметаната нова даночна обврска утврдена по Даночниот биланс за 2018 година. Обврската за плаќање на аконтација на данок на добивка се однесува на правните лица обврзници на данок на добивка кои имаат поднесено Даночен биланс (Образец ДБ) за 2018 година.
Согласно одредбите на член 40 став 4 од Законот, обврската за плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка не се однесува на здруженијата на граѓани, фондациите, сојузите, како и секој организационен облик на странска организација, како и други форми на здруженија, регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации. Исто така немаат обврска за плаќање на аконтации на данок на добивка за 2019 година субјектите кои по годишна сметка за 2018 година биле обврзници на вкупен приход и имаат поднесено образец ДБ-ВП за 2018 година.
Повеќе инфо: МСФИ