Управата за јавни приходи ја известува јавноста за новите износи на даноци и придонеси при пресметката на платата.
Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување
Врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2019 година, се променети и тоа за следните придонеси:
Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување
Придонес за задолжително здравствено осигурување
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци
Даночно намалување
Даночното намалување се користи при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија.
Даночното намалување за наредната година се утврдува врз основа на износот на даночното намалување од тековната година усогласено со 50% од стапката на остварениот пораст на просечната бруто-плата по вработен во Република Македонија во минатата година, согласно податоците од Државниот завод за статистика.
Износот на даночното намалување, пред почетокот на секоја година, најдоцна до 31 декември во тековната година го објавува министерот за финансии.
При пресметување на годишниот данок на доход, даночното намалување се признава во висина на искористеното право на даночно намалување при аконтативното пресметување на данокот на доход за вкупно исплатениот доход од плата, надоместоци на плата и пензија.
*** До 31.12.2018 година се користеше терминот лично ослободување согласно Законот за персонален данок на доход.
Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2019 година, ќе се применува месечно даночно намалување во износ од 8.000 денари, односно даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход за 2019 година изнесува 96.000 денари.
Поднесување пресметки за минат период и исправка на пресметки
Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период од 2009 до 2018 година, или пак вршите исплата по основ на деловна успешност или исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.
При исплатата на плата за период од 2009 до 2011 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ЧЕТИРИ просечни месечни плати, додека за исплатата на плата за период од 2012 до 2014 година највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ШЕСТ просечни месечни плати. За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување за месец ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ 2015 година не се применува највисоката основица за придонесите, a пресметките за месец МАРТ 2015 дo АВГУСТ 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ДВАНАЕСЕТ месечни просечни плати, за примањата од работен однос и за примања по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, а износот од ОСУМ просечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.
За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување од месец СЕПТЕМВРИ 2015 година до ДЕКЕМВРИ 2017 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е износот од ДВАНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонесите за примања од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, а износот од ОСУМ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.
За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување за 2018 и 2019 година, највисока основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување е износот од ШЕСНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примања од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, а износот од ДВАНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.
Извор: Управа за јавни приходи (УЈП) www.ujp.gov.mk
Бесплатниот веб калкулатор на Логин Системи се наоѓа на локацијата www.erp.mk/plati.